Хоти: Нема да има разговори за Заедницата на српски општини

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави денеска дека прашањето за Заедницата на српски општини (ЗСО) нема да се отвори во дијалогот со Белград, бидејќи, како што рече, тоа прашање било затворено со договорот од 2013 година.

Тој на прес-конференцијата рече дека има и други прашања за кои треба да се разговара и дека Белград, кој не е подготвен за конечен договор, е виновен за одложувањето на дијалогот, доколку тој се случи, пренесува порталот „Репортери“.

„На почетокот на мандатот донесовме тешки одлуки со цел да го продолжиме процесот на дијалог и покажавме конструктивност за овој важен процес за Косово, Србија и регионот“, рече Хоти.

Слични содржини