Хоти од Вашингтон: Нема да разговараме за други теми освен за признавањето на Косово

од Nikola Popovski
147 прегледи

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјавил дека неговата делегација сака да разговара во Вашингтон само за признавањето на независноста на земјата.

„Нема да разговараме за други теми, освен за признавањето“, рекол премиерот на Косово во краткото уклучување од Вашингтон за албанската телевизија „Клан Косова“.

Попладнево во Белата куќа во Вашингтон започна средбата на делегациите на Белград и Приштина со специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговори, Ричард Гренел.

Претставниците на Белград и Приштина ќе разговараат два дена во Белата куќа.

Српската делегација е предводена од претседателот Александар Вучиќ, а во неа се и министерот за финансии, Синиша Мали, претседателот на трговската комора на Србија, Марко Чадеш и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Слични содржини