Храна за која мислиме дека е здрава, а го уништува менталното здравје – постои замена

од Stefanija Kuzmanovska

Дури и ако се обидувате да се храните здраво, можеби избирате храна која може да предизвика анксиозност или депресија без воопшто да сте свесни за тоа.

Во борбата против анксиозноста и депресијата, со вас споделуваме листа на намирници кои треба да ги избегнувате, како и одлични замени наместо тие намирници кои можете да ги користите. Ова е совет за сите здрави луѓе, а особено за оние кои веќе се борат со анксиозноста.

1. Овошен сок
Овошниот сок можеби изгледа како здрав пијалок, но овошјето има нешто важно што сокот го нема: влакна. Влакната ве исполнуваат и ве забавуваат додека крвта ја обработува енергијата. Без влакна, сокот може да предизвика наплив на шеќер, што може да предизвика колапс, оставајќи ве гладни и лути. Наместо тоа, обидете се да пиете вода и да јадете свежо овошје.

2. Газирани пијалоци

Дури и во најлош случај, овошниот сок обично има барем некои хранливи придобивки, како што се витамини и минерали. Газираните пијалоци го немаат ни тоа! Со целиот шеќер кој го има во нив, газираниот сок може да биде нездрав, па дури и поврзан со депресија. Иако диеталната замена може да ве поштеди од шеќер и калории, не е многу подобра во тоа да ви помогне да ја избегнете депресијата. Конечно, кофеинот што го имаат газираните пијалоци е поврзан со анксиозност. Ако навистина сакате да пиете нешто газирано, единственото нешто што би можеле да го испиете без директно да влијае на вашето здравје е – кисела вода.

3. Бел леб

Ако сакате да јадете парче тост или сендвич наутро, обидете се да избегнувате бел леб. Неговото високо обработено бело брашно брзо се претвора во шеќер во крвта, што може да направи да се чувствувате малаксано. Не мора целосно да го исфрлите лебот, туку пробајте алтернатива од цело зрно. Или пробајте овесна каша за појадок.

4. Крофни

Крофните можат да бидат добра храна за засладување, а можеби дури и удобен појадок, но навистина треба да ги намалите на минимум, особено ако сакате да избегнете анксиозност и депресија. Полни се со масти, бело брашно и многу шеќер, со многу малку влакна. Ако ви треба брза ужина, темното чоколадо е подобра опција: го намалува нивото на кортизол, што ја намалува анксиозноста.

5. Кечап

Кечапот е полн со шеќер и иако има полесни алтернативи, нивните вештачки засладувачи се исто така поврзани со анксиозност и депресија. Обидете се да готвите со свежи домати и наместо тоа направете своја салса за да знаете што всушност јадете и да бидете сигурни дека нема други адитиви во вашиот сос освен чисти домати и малку зачин.

6. Соја сос

Ако сте чувствителни на глутен, храната што го содржи може да предизвика анксиозност или депресија. Иако ова е познат проблем кај пекарските производи, може да биде проблем и со соја сосот. Ако сакате да додадете лесен вкус на вашата храна, маслиновото масло може да послужи како здрава алтернатива.

7. Шунка

Сите месни производи се многу сомнителни кога станува збор за здравјето: колбаси, виршли, салама, шунка или сланина. Има многу адитиви и засилувачи на вкус кои се директно поврзани со најлошите болести, не само со анксиозноста и депресијата. Исто така и чадено, сушено или конзервирано месо. Нивниот натриум не е добар за вашата ментална или физичка благосостојба. Рибите, на пример – пастрмката и харингата, можат да ви помогнат да се опуштите и да го намалите нивото на стрес.

8. Пржено пилешко

Прженото пилешко и повеќето пржени јадења општо имаат нездрави масти кои се спротивставуваат на добрите масти. Ако сте расположени за живина, пробајте мисирка. Познато е дека нивниот триптофан ја смирува анксиозноста.

Слични содржини