Хрватска: 66 земјотреси за 58 часа

од Stefanija Kuzmanovska
540 прегледи

Во последните 58 часа се почувствуваа 66 земјотреси во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Рано утрово, Хрватска беше погодена од два силни земјотреса во рок од десет минути, едниот со јачина од 4,9 степени, а другиот со јачина од 4,6 степени, пренесува ЕМСЦ.

Шефицата на хрватската сеизмолошка служба, Инес Иванчиќ, како гостин во хрватското радио, предупреди дека тлото ќе продолжи да се тресе и дека, најверојатно, ќе има посилни земјотреси.

Како што забележува „Индекс“, само земјотресите што беа почувствувани влегуваат во тој број.

Имаше повеќе земјотреси во Хрватска, но не сите ги почувствуваа, додава „Индекс“.

Последниот земјотрес детектиран од ЕМСЦ беше на 23 километри јужно од Загреб, со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала, според Твитер профилот на тој центар.

Да потсетиме, рано утрово, Хрватска беше погодена од два силни земјотреси во рок од десет минути, едниот со јачина од 4,9, а другиот со јачина од 4,6 степени, пренесува ЕМСЦ.

Слични содржини