Хрватска и Аргентина финалисти во Дејвис купот

од Vladimir Zorba
97 прегледи

 

Тениските репрезентации на Хрватска и на Аргентина ќе играат во финалето на Дејвис купот оваа година, откако синоќа во полуфиналните дуели ги совладаа своите ривали.download-74

Хрватска во Задар ја победи Франција со 3-2, а решавачкиот поен го донесе Марин Чилиќ со триумфот над Ришар Гаске во четвртиот меч. Тој беше подобар од ривалот со 3:0 во сетови.

Во второто полуфинале, во Глазгов, Аргентина ја победи Велика Британија, откако во решавачкиот меч Ленадро Маер го победи Даниел Еванс со 3:1 во сетови. Аргентина славеше победа со 3-2.

Финалето Хрватска – Аргентина ќе се игра од 25 до 27 ноември, а домаќин ќе биде селекцијата на Хрватска.