Хрватска револтирана од „неправедната и неприфатлива“ одлука на Хаг

од desk4

По вчерашното изрекување на затворските казни за поранешните воени и политички лидери на босанските Хрвати, ДПА јавува дека Хрватска е револтирана.

Читањето на пресудите беше прекинато откако генералот Слободан Праљак испи отров по соопштувањето на неговата пресуда од 20 години затвор. Праљак подоцна почина во болница.

Хрватските праници оценија дека одлуката на Трибуналот за потврдување на пресудата ја поврзува кампањата за етничко чистење во БиХ со тогашното државно раководство на Хрватска. Во заедничка изјава парламентарните партии во Хрватска истакнуваа дека пресудата ги игнорира историските факти и докази и затоа е неправедна и неприфатлива.

– Со трагичниот чин генерал Слободан Праљак симболично го насочи вниманието кон неправдата во пресудата, стои во изјавата на водечките хрватски партии, кои изразија и сочувство до семејството на Праљак.

Слични содржини