Хрватска со најмногу заразени од коронавирусот на Балканот

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Клиниката за инфективни болести во Загреб „Д-р Фран Михаљевиќ“ денес потврди дека уште едно лице е заразено со коронавирусот, зголемувајќи го бројот на заразени на 12 лица во Хрватска.

Дирекцијата за цивилна заштита соопшти дека се работи за близок контакт со друг пациент од коронавирус во Вараждин, јавува порталот „Индекс“.

Првиот случај е пријавен кај маж кој престојувал во Италија.