Хрватската полиција упаднала на забава со 300 лица, по нив фрлале со шишиња

од Stefanija Kuzmanovska

Вистинската драма се случила синоќа во Брназе кај Сињ. Имено, полициските службеници добиле пријава за повреда на епидемиолошките мерки и нарушување на јавниот ред и мир.

Откако излегле на терен, тие пронашле околу 300 луѓе во една зграда. Веднаш по влегувањето во објектот, полицајците биле нападнати од неколку лица, па на помош им се пријавиле припадници на Единицата за полициски интервенции. Оваа информација за порталот „Ферат“ ја потврди Жељка Радошевиќ од Одделот за известување за анализа и односи со јавност на полициската управа Сплит-Далмација, пренесе „Дневник.ба“.

„Синоќа, нешто пред полноќ, беше примена пријава дека во местото Брназе, околу 100 возила биле паркирани пред куќа, додека во куќата имало повеќе луѓе. Полициските службеници веднаш излегле и кога стигнале на местото на настанот, откриле голем број паркирани возила додека од куќата доаѓала гласна музика.

Луѓето во куќата го нарушиле јавниот ред и мир и ги навредувале полицајците штом ги виделе. При влегувањето во просторот каде што биле собрани околу 300 лица, полицајците биле нападнати од неколку непознати лица од толпата кои фрлале со шишиња кон нив.

Еден полицаец и 25-годишна девојка, која била меѓу собраните, биле повредени во пределот на главата и им била пружена лекарска помош во службата за итна медицинска помош во Сињ, каде им биле констатирани полесни телесни повреди.

На помош пристигнале и полициските службеници на Интервентната единица на полицијата и другите организациони единици, по што се воспостави јавен ред и мир и немало потреба од понатамошни активности.

„Во врска со организацијата на овој собир бил пронајден 20-годишен сопственик на објектот, кој бил уапсен и донесен во службените простории на полицијата, а во тек е и кривична истрага. Понатаму, насочено е интензивно истражување со цел да се утврдат сите незаконски активности во овој настан “, се вели во одговорот од полицискиот оддел на Сплит-Далмација.

Слични содржини