Хрватски научник: Нов вид на вирус е доминантен во Европа, кој се шири многу побрзо

од Nikola Popovski
160 прегледи

Во моментов има 2.566 активни случаи на инфекција со коронавирус во Хрватска. Тоа е бројот на потврдени лица кои се позитивни, иако бројот на реално заразени е поголем.

Д-р Оливер Вугрек, раководител на лабораторијата за напредна геномика на Институтот „Руџер Бошковиќ“, за Слободна Далмација коментирал за состојбата со коронавирусот во Европа и Хрватска и реалниот број на заразени лица и новиот вид на вирусот.

Тој вели дека студија спроведена во Шпанија покажала дека реалниот број на заразени е пет пати поголем од бројот на откриени случаи.

„Постои студија од Шпанија објавена во јули. Наодите од тој национален тест за серопреваленција за САРС-КоВ-2 покажуваат дека преваленцијата на IgG антитела кон коронавирусот во Шпанија е околу пет проценти, односно пет проценти се заразени. Во моментов, состојбата е околу 460,000 откриени на популација од околу 46 милиони. Тоа значи дека пет проценти се околу 2,3 милиони, што е околу пет пати повеќе од откриените случаи“.

Тој вели дека бројките за Хрватска според таа студија треба да се помножат пет пати и дека тоа може да биде точната состојба со заразените.

Пролетниот вид веќе не е доминантен во Европа

Вугрек објаснил дека пролетниот вид на коронавирус веќе не е доминантен во Европа и дека новиот, доминантен вид се шири побрзо, но не е познато дали е присутен во Хрватска.

„Не знаеме каква е моменталната состојба во Хрватска, ниту кој вид на САРС-КоВ-2 е моментално доминантен. Немавме средства за понатамошно истражување. Видот што беше доминантен во Европа во март и април е истиот вид што беше доминантен во нашата земја во тоа време“, вели Вугрек.

„Пролетниот вид веќе не е доминантен во Европа. Новиот вид, кој се шири побрзо, стана доминантен меѓу приближно 37,000 анализирани геноми на вируси (научен труд за ова е објавен во списанието „Eurosurveillance“). Не знаеме дали овој нов вид е присутен во Хрватска и дали станал распространет“.

Тој објаснува дека немало средства за понатамошно секвенционирање на вирусот (5.300 евра за 50 примероци), со цел да се открие кој вид на вирус е доминантен во Хрватска, што би било многу важна информација при увозот на вакцината.

Треба да знаеме кој вид е доминантен

„Ако увеземевакцина, тогаш мора да знаеме кој вид е распространет во нашата област и континуирано да правиме вакви истражувања, бидејќи вирусот мутира и мора да го следиме научно. Можеби во Хрватска има ендемичен вид, кој знае … Не се многу пари во прашање, можеби некој работи на тоа во Хрватска, главно, според мое знаење, нема тековни податоци“.

Тој вели дека е можно американската вакцина да не биде ефикасна во Хрватска доколку вирусот во Хрватска е различен од оној во САД.

Вугрек смета дека нема да би ја користел руската вакцина и дека носењето маски е основа во борбата против вирусот.

„Еден германски научник тврди дека вирусот ќе исчезне доколку целиот свет ги следи мерките носење маски за еден месец. Носењето маски е основа, ако сите се придржуваме на тоа, инфекцијата сигурно ќе беше помала. Кога се работи за построги мерки, тоа е работа на Националниот штаб. Треба што повеќе тестови, а не затворање на спортските сали и теретаните. Салата не е место на инфекција, ниту свадбите, туку луѓето кои доаѓаат на такви места, а не се детектирани. Ако можете ефикасно да ги идентификувате заразените, нема да бидат потребни посебни мерки или затворање на некои објекти“, заклучил Вугрек.

Слични содржини