Хрватски ракометар брутално претепан во Скопје

од Nikola Popovski
567 прегледи

Хрватскиот ракометар Денис Тот (27) кој настапува за РК Бутел е претепан во Скопје и моментално се бори за живот на скопските клиники.

Тој е примен рано утринава со тешки повреди по целото тело, а она што во моментов може да го потврди неговиот клуб е дека неговата ситуација е критична и се бори за живот, но не се знае што точно му се случило.

Ракометарот имал неколку скршеници и бројни други повреди, најверојатно предизвикани откако бил претепан со тапи предмети, но и со тупаници и нозе, јавува хрватски „Вечерњи лист“.

Засега МВР не се изјаснила за физичкиот напад врз Тот.

Хрватскиот весник контактирал со неговиот брат Борис кој игра во Холандија и ја потврдил членот на РК Бутел.

– Родителите се на пат за Скопје, но се уште немаме многу информации што точно се случило, рекол видно потресениот Борис, пренесува „Вечерњи лист“.

Слични содржини