„И двајцата се во земјава“: Зеленски зборуваше за своите деца

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски зборуваше за тоа како тој и неговото семејство се справуваат со војната, која влезе во втората година.

„Ќерка ми се запиша на факултет и таму студира, а син ми оди на училиште во Украина. И двајцата се во земјава. Тие се многу слични на другите украински деца. Живееме со сирените“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер денеска изјави дека неговата земја е решена да победи во војната со Русија и дека во моментов не може да замисли ситуација во која би се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин.

„Не постојат такви околности во кои би можеле да разговараме со претседателот на Руската Федерација, бидејќи тој не си стои на зборот. Не му веруваме“, изјави Зеленски во интервју за американскиот Си-Ен-Ен.

Слични содржини