И Коѕијас во САД потврди: Прифатилив е само еден од предлозите на Нимиц

од desk4

 Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, вели шефот на грчката дипломатија во изјава за дописниците од Грција во САД, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

И Никос Коѕијас, со оваа изјава индиректно го отфрла името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте предлози на медијаторот односно името „Република Македонија (Скопје).

-Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц, не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози, и да одиме напред кон усвојување на еден стратешки план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име, рече Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија објасни дека за прашањето со името не разговарал со американскиот државен секретар Мајк Помпео, туку тоа било тема на средбите, вчера и завчера, со помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас не открива што точно разговарале со Мичел, но вели дека „никој не ја тера Грција на ништо“ во однос на затворањето на прашањето, бидејќи ја има иницијативата за постапките и сите на позитивен начин следат како една земја со активна надворешна политика промовира решенија“.

Слични содржини