И облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

од Vladimir Zorba
55 прегледи

 Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), претежно во западните и северните делови. На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч).

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната температура од осум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно со повремен дожд, повремено интензитетот на врнежите ќе се засилува. Ке дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од девет до 10 степени.

Падна снег на Попова Шапка

На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. Од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура