И отрнала раката и преку ноќ останала парализирана: Поранешната манекенка не се предава

327 прегледи

Дизајнерката и поранешна манекенка Сониа Вера (46) едно утро во јуни 2017 година се разбудила со отрната рака, за која не ни помислила дека ќе ѝ го смени животот. Таа мислела дека добила срцев удар и отишла во болница, но таму и рекле дека треба да отспие и дека тоа е последица од анксиозност.

Меѓутоа, се испостави дека тоа било лош совет. Кога по пет часа се разбудила, останала во шок. Била парализирана од кичмата надоле, но се обидела да се воздржи од паника бидејќи мислела дека тоа е пролазно. Се надевала дека со повторното одење во болница се ќе се реши.

View this post on Instagram

😎

A post shared by Sonia Vera (@soni_vera) on

Лекарите ја пратиле на разни прегледи и на крајот ѝ дијагностицирале невролошко пореметување – трансверзален мијелитис. Тој ги погодува средишните нерви и резултира со воспаление на ‘рбетниот мозок.

Шест месеци Вера седела во болница. И давале стероиди за да се намали воспалението, примала различни терапии и одела на физикална терапија. Меѓутоа, лекарите ѝ рекле дека нема лек за ова невролошко пореметување и дека повеќе никогаш нема да може да оди.

Сепак, Сониа не се предава. Таа е уверена дека ќе застане на нозе. Секојдневно вежба во базен, ги следи новостите поврзани со нејзината болест, а неодамна нашла и клинички испитувања за епидурален стимулатор во Кентаки кои се покажале успешни. Таа ја поткрената страницата за собирање пари, за да има со што да ги плати летовите кога оди на терапија.

Слични содржини