Градинките и училиштата и по завршување на епидемијата со мали сипаници во Скопје нема да примаат невкцинирани деца, вели министерот за здравство Венко Филипче, по реaкциите на родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца дека забраната е времена мерка која ќе заврши со отповикување на епидемијата.

„Нема да се примаат деца во градинка и училиште и по завршување на епидемијата согласно постоечките закони и одлуки на Уставен суд. Епидемијата не е отповикана, се уште секојдневно има нови случаи“, вели Филипче.
Родителите деновиве на социјалните мрежи водат жестоки дискусии околу тоа дали по завршување на епидемијата ќе може да се носат невакцинирани деца во градинките. Дел од нив велат дека ова е времена мерка и дека откако ќе биде отповикана епидемијата градинките ќе може да примаат и невакцинирани деца. Други пак реагираат дека со времената мерка биле принудени да ги вакцинираат децата, а трети пак реагираат дека оние што одбиваат да ги вакцинираат своите деца го загрозуваат и здравјето на останатите, пишува СДК.
Целиот текст ТУКА