И сурферите ќе се борат за олимписко злато

од desk2
142 прегледи

Следната година на Олимписките игри во Токио за прв пат ќе биде воведена и дисциплината сурфање на бранови , а ќе се воведат уште четири други спортови.

Следната година Токио ќе биде домаќин на 32. Олимписки игри на кои ќе бидат воведенипет нови спортски дисциплини. За прв пат во историјата ќе биде вклучено и сурфањето на бранови , поради што натпреварите ќе се орджуваат на 60 километри оддалечената плажа од Токио, Шидашита.

Освен тоа, меѓу 33 спортови ќе има натпревар и во бејзбол /софтбол , што беше на програмата во 1996 и 2008 , но е укинат во 2012 година.

Ќе се натпреваруваат за прв пат и каратистите и тоа во кати и во кумите , а ќес е доделат вклупно осум медали во земјата во која настанала оваа дисциплина пред повеќе од сто години.

Организаторите , за да ја привлечат младата публика , на Олимпијадата ги воведуваат и натпреварите во скејтборд и тоа во две дисциплини , стрит и парк. Ќе се доделат четири златни медали во ови дисциплини.

За прв пат во Токио ќе има и натпревар во качување на ѕид. Најдобрите ќе се натпреваруваат во болдеринг, лид и брзинско качување. Ќе се собираат бодовите во трите дисциплини и за прв пат во историјата ќе бидат прогласени победници во машка и во женска конкуренција.

Со новите спортови , бројот на натпреварувачите е зголемен за 474 спортисти . Очимпијадата во Токио почнува на 25. јули , а завршува на 9. август следната година.