И Трамп го виде помрачувањето на Сонцето

од desk2
97 прегледи

Американскиот претседател Доналд Tрамп, првата дама Меланија Трамп и нивниот син Барон, денеска го видоа помрачувањето на Сонцето.


Тие, настанот, што со ваков интензитет се случува еднаш во 99 години, го видоа од терасата на Труман во Белата куќа.

Претседателот на САД на кратко фрли поглед и без заштитни очила, на што научниците во пресрет на феноменот, предупредуваа дека не треба да се прави, затоа што има примери каде луѓето ослепувале.

Советникот на Трамп кој бил во близина, дури и викнал: „не гледајте!“.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, затемнувањето на Сонцето го гледаше од Опсерваторијата на американската морнарица заедно со студентите.


И кога се помина, шефот на Белата куќа како да сакаше некому нешто да порача…