И ВИЛИЈАМ УДРИ НА ЧАРЛС: Омилениот кралски син му зададе ШОК на својот татко!

од Vladimir Zorba

Принцот Вилијам му наложил на својот татко, кралот Чарлс, дека ќе мора да плати ако сака да претстојува како гостин во неговата сакана куќа во Велс и дека мора да ги пресели сите свои работи надвор од имотот, пишува „Дејли мејл“. .

Британскиот медиум тврди дека Чарлс „откачил“ откако Вилијам, новиот принц од Велс, му рекол дека планира да ја изнајми куќата, која Чарлс ја купил во 2007 година за 1,2 милиони фунти и со љубов ја реновирал и опремил.

Имотот Llwynywermod, на работ на Националниот парк Брекон Биконс во Јужен Велс, беше купен преку Војводството Корнвол, а Вилијам го презеде по смртта на кралицата Елизабета Втора минатата година. Чарлс поминуваше една или две недели таму секое лето, но Вилијам реши да стави крај на оваа традиција.

Имено, по септември оваа година оваа куќа ќе биде достапна за изнајмување на агентите за недвижности, а оваа одлука на принцот од Велс „многу го разочарала“ кралот, велат упатени извори. Тоа значи дека Чарлс ќе мора да ги извади сите лични работи надвор од куќата.

„Кралот беше прилично вознемирен, но тоа е бизнис. Тоа значи дека тој сè уште може да претстојува таму, но ќе мора да плати кирија на војводството, а остатокот од времето куќата ќе биде изнајмена“, рекол извор близок до кралска фамилија.

Куќата со три спални соби е уредена во елегантен, но малку рустикален стил, а кралот и кралицата посветиле многу внимание на секој детал. Голема штала е прикачена на куќата, но таа е претворена во убава трпезарија која може да прими 16 гости.

Слични содржини