Во Турција, власта и опозицијата велат дека ги добиле градоначалничките избори во Истанбул , објавија локалните медиуми.

Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и Републиканската народна партија се фалеа дека победиле на спорните избори со мало водство.

Пред локалните медиуми, кандидатот на Републиканската народна партија, Еском Имамоглу, рече дека освоил речиси 28.000 гласови.

Меѓутоа, неколку минути подоцна, локалниот водач на АКП во Истанбул, Бинали Јилдирим, исто така, рече дека е победник од околу 4.000 гласови повеќе од неговиот противник.

Се очекуваат официјалните резултати по пребројувањето на гласовите од комисијата.