Златан Ибрахимовиќ е амбициозен да заработува трофеи во дресот на Манчестер Јунајтед. “Ѓаволите” можат да добијат таков уште утре, кога ќе се соочат против Лестер во натпревар за “Комјунити Шилд”.

“Во моите претходни клубови заработував секакви трофеи, па не дојдов тука за да губам време. Тука сум за да заработам. Верувам дека и филозофијата на клубот е таква. Јунајтед е клуб кој е создаден за да заработува “, изјави 34-годишниот Швеѓанец.