Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во Малме

од desk2
197 прегледи

 

Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во родното Малме.


Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси ја откри бронзената статуа со својот лик, висока 2,7 метри и тешка околу 500 кг.

Таа е поставена пред стадионот Малме, клуб со кој фудбалерот ја почна кариерата, по што следеа Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

„Многу сум среќен поради местото каде ќе биде поставена статуата. Тоа беше моја желба од почеток. Во Малме почнав и тука е моето срце“, рече фудбалерот.

Тој во свој стил прокоментира: „КОга ќе стигнете во Њујорк, ја имате Статуата на слободата, кога ќе дојдете во Шведска ја имате статуата Златан“.

Со 62 гола е рекордер во репрезентацијата на Шведска на 116 натпревари.