ИДФ им се заканиле на новинари од Германија: Снимале прилог за насилство врз Палестинците

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските војници ја запреле телевизиската екипа на германскиот јавен сервис АРД по враќањето од снимањето на Западниот Брег и им се заканувале со оружје, објавија германските медиуми денеска. Инцидентот се случил во неделата попладне откако ТВ-екипата на јавниот сервис Bayerische Rundfunk (BR), која е задолжена за кореспонденција во Тел Авив, таа се враќала од снимање на репортажа која се занимавала со насилството на израелските доселеници врз Палестинците.

Дописникот Јан-Кристоф Кицлер навел дека израелските војници ги запреле јужно од градот Хеброн и ги држеле еден час. Во исто време, како што дополнително сведочи тимот, војниците се однесувале „екстремно агресивно“.

„Војниците ни се закануваа со оружје и не прашуваа дали сме Евреи. Еден наш колега беше наречен предавник“, изјави Кицлер.

Ситуацијата се смирила дури по еден час, кога на контролниот пункт пристигнале и други војници и полицајци.

За BR ова е јасен напад на слободата на медиумите.

„Ова е веќе втор ваков случај оваа недела. Нашиот тим јасно се претстави како акредитиран новинарски тим и тие беа далеку од безбедносните области каде на новинарите им е забрането да престојуваат“, рече Кицлер и додаде дека однесувањето на израелската армија е неприфатливо.

Портпаролот на израелската армија изјави дека во моментов се истражува позадината на овој инцидент и се извини за „секаква непријатност“.

Здружението на странски новинари во Израел ја повика израелската армија да ги почитува правата на новинарите, особено по инцидентите во кои беа вклучени новинари кои известуваа за напади од жителите на илегалните еврејски населби на Западниот брег на Јордан.

Слични содржини