Играјте си со бебето од првиот ден

од desk2
231 прегледи

 

И штотуку родени бебиња имаат способност за учење, а најдрага играчка во тој период им е родителското лице.

Лицата на родтелите се првата и најдрага играчка за бебињата

Иако ви се чини дека штотуку роденото бебе во првите месеци неможе да учи, сите негови чула функционирата и тоа чувствува, гледа, слуша и прима мириси од околниот свет. Затоа веднаш на почетокот вклучете се во раснењето на своето бебе и учете го. Ако му зборувате нежно го милувате и му пеете, бебето брзо ќе научи дека го сакате.

Што може бебето да научи?

Родителските леца се први играќки за бебето. Бебето сака да ве гледа, да ја потпре својата глава на вашето лице и да ви го слуша гласот. Иако бебрто покажува интерес за сите звуци, на мајчиниот глас посебно реагира. Брзо ќе почне да го поврзува со се што му треба: храна, топлина, допир.

Што треба родителите да прават?

Новороденчињата сакаат внимание. Разговарајте со бебето, читајте му, пејте му, галете го и бакнувајте го. Дајте му на бебето едноставни играчки со мазни површини кои преоизведуваат звуци и со силни бои. Силните контрасти ќе го заинтересираат бебето и ќе му помогнат да се фокусира на играчката. Играњето за бебето е начин на учење, додека за поголемите деца е забава

Еве неколку идеи:
– Танц: Вклучете музика и земете го бебето во прегратка. Приближете го неговото лице на своето и полека нишајте се во ритамот на музиката и пејте му на уво.

– Именувајте предмети: Допирајте и именувајте ги деловите од телото на бебето. Повторувајте го тоа секој ден.

Прегратка: Кога и да бебето будно гушнете го, милувајте о за време на пресоблекување. Допирите придонесуваат детето да се чувствува сигурно.

Важно
Ако имате какви и да е сомнежи дека детето не гледа или не слуша однесете го на лекар. Акое е се во ред, добро, а ако не е, важно е тоа да се воочи што порано, за подобро лекување.