Од ВМРО-ДПМНЕ бараат со законот за мораториум за „бомбите“ да бидат опфатени сите прислушувани материјали и инсистираат на затворски казни за претставници на медиумите што ќе ги објават. Од СДСМ, пак, се против ваквиот предлог и се залагаат за промена само во Кривичниот законик, каде би се зголемиле казните за поседување на прислушуваните материјали.

Посредникот во преговорите Питер ван Хојте изјави дека тој закон мора да биде направен според европските стандарди.

– Законот за „бомбите“ треба да биде во согласност со меѓународните и со европските стандарди, а тоа е најважно во моментов. Можете да правите легислатива само ако имате амбиција еден ден да станете земја-членка на ЕУ и вашата легислатива треба да биде во согласност со европските стандарди. Како ќе изгледа законот, допрва ќе видиме, работните групи тоа треба да го одлучат – рече олеснувачот.

Од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат министрите што ќе влезат во новата влада, според Договорот од Пржино, да бидат само технички лица, без поголеми овластувања и ингеренции. СДСМ се залага тие да имаат овластувања како и сите министри во владата.

Исто така, од владејачката партија сакаат замениците-министри да имаат право на вето за сите прашања, додека СДСМ остануваат на ставот право на вето замениците-министри да имаат само за прашања поврзани со изборите.

И.Т.Н.

Овие „спорни прашања“ произлегуваат, намерното   различното толкување на Договорот од Пржино. А еве што точно тој предвидува на македонски јазик (во преводот на Македонскиот центар за европско образование – МЦЕО)пренесено од  META  :

Точка 6, став 1:

На 20 октомври 2015, нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван на предлог од СДСМ, а по спроведени консултации со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ. Министерот кој ќе биде именуван ќе ја врши функцијата како техничко лице (функционер).

И на англиски јазик:

On 20 October 2015, a new Minister of Interior shall be appointed upon nomination by SDSM and after consultation with VMRO-DPMNE and DUI. This Minister shall be a technical appointment.

Во врска со прислушуваните материјали на македонски јазик (исто според МЦЕО) стои:

Објавувањето на дополнителни материјали од прислушувањето ќе запре. По враќањето на СДСМ во Собранието, сите материјали што ги поседува СДСМ или кој било друг чинител ќе бидат предадени на јавниот обвинител за негово итно постапување.

И на англиски:

With immediate effect there shall be no futher publication of any wiretap material. Upon the SDSM’s return to parliament, all of the material in possession the SDSM or any other actor will be handed over to the publik prosecutor for immediate action.

Неспорно е дека двете страни сакаат избори, ама власта по свои правила, а опозицијата по универзални европски стандарди,  и особено не по правилата  на власта која ги добива 10 години наназад.За избори се и странците и Брисел и Вашингтон, ама тие предупредуваат дека одоговлекувањето не и одговара на опозицијата , роковите се издувани и ако се сака ФЕР ИЗБОРИ, треба и ФЕР ПРАВИЛА. Никола Груевски сега целата следна кампања ќе ја пресвича со наслов „ Ајде на избори, народот ќе каже кој е кој “,„ СДСМ бега од соочување со народот“ ама ќе го премолчи фактот дека  всушност власта бега и одоголвекува и сака да не се сменат правилата и сè да си оди по старо.   Груевски тера како што нему му одговара и сака и прифаќа толку промени и примена на договорот од Пржино само  за неговите потреби и толку колку да  може да биде сигурен во победата. СДСМ ја сфаќа играта, но е немоќен било што да смени, барем не вака по „шведски пристап“,   па се враќа на радикализацијата како опција со предупредување за нови бомби .

Странците и Ван Хојте и  амбасадорите предупредуваат на безбедноста, но не бегаат и од таа опција и меѓу редови велат, „ОК, ова е ваша земја и тоа што нема да ве урне може да ве натера да израснете, и да ја минете и таа фаза“?

И сега се на ред јунаците и патриотите. На ред е народот на ВМРО-ДПМНЕ со патриотизмот на четирите букви и со гнев, и народот на СДСМ со револт, правдините и  неизвесноста да се пука или не. А,  граѓаните,  да тие имаат и став ама имаат и  страв и дилеми, да станат мигранти или заложници, или да го изгаснат телевизорот и да видат што се случува на улицата лево и десно на плоштадот Македонија.

Ад

П.С.

Оригиналните документи на англиски јазик можете да ги најдете преку напис на ЕУ комесарот Хан, објавен по потпишувањето на договорот, односно преку следните линкови, објавени од Европската комисија:

Целиот текст од Договорот на македонски јазик можете да го видите тука.

Целиот текст од Договорот на англиски јазик можете да го видите тука.

Целиот текст од Договорот на албански јазик можете да го видите тука.