Икарди и 10 други играчи нема да се приклучат на подготовките со ПСЖ

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Група од десетина играчи на Пари Сен Жермен, предводена од Мауро Икарди, нема да оди со тимот на турнеја во Јапонија за неколку дена, тврди „Екип“.

Останатите поврзани имиња се Левин Курзава, Џулијан Дракслер, Андер Херера, Жоргињо Вајналдум, Ерик Јуниор Дина Ебимбе, Идриса Гај, Абду Диало, Рафиња Алкантара и Серхио Рико.

Сите тие се оценети како непотребни од новиот тренер Кристоф Галтие и се во потрага по нови тимови.

Клубот плати 50 милиони евра за Икарди, но тој не може да се наметне во тимот. Минатата сезона тој запиша вкупно само 1.307 минути игра, од кои само 46 во Лигата на шампионите.

На јапонско тло францускиот клуб ќе одигра три натпревари – против Кавасаки Фронтале (20 јули), Урава Ред Дајмондс (23 јули) и Гамба Осака (25 јули).

Пред тоа, овој петок (15.07) тимот ќе започне со проверка против аматерот Кјувили.

Слични содржини