294
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди на Инстаграм објави дека има намера да остане во Пари Сен Жермен. Договорот на Икарди со ПСЖ е до 30 јуни 2024 година.
Секако, друго прашање е какви се плановите на францускиот шампион за 29-годишниот фудбалер, кој не може да се наметне како главен играч на парижаните по неговиот трансфер во тимот од Интер во летото 2020 година.
„Сè уште имам договор со Пари Сен Жермен во следните 2 години. Мојата кариера не е во опасност, како што тврдите вие (новинарите). Решив да останам овде во ПСЖ“, изјави Икарди.
Минатата сезона Аргентинецот постигна 5 гола на 30 натпревари во сите натпреварувања.