Илјадници луѓе на погребот на лидерот на Хамас, Салех Ал Арури

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку илјади луѓе присуствуваа на погребот на еден од лидерите на палестинската милитантна група Хамас, Салех Ал Арури, кој беше убиен во израелски напад врз либанската престолнина Бејрут пред два дена.

Присутните носеле транспаренти со слики на Арури и вееле палестински и знамиња на Хамас, јавува Би-Би-Си.

Арури беше заменик лидер на Хамас и клучна фигура во бригадите „Изедин ал-Касам“, вооруженото крило на групата и неговата смрт е удар за Хамас, наведе британскиот јавен сервис.

Хамас претходно потврди дека Арури и двајца други водачи на нејзината елитна бригада Ал Касам биле убиени во израелски напад врз периферијата на Бејрут.

Нападот и убиството на Арури беше осуден од иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахијан, нарекувајќи ја „кукавичка терористичка операција што докажува дека ционистичкиот режим не постигнал ниту една од своите цели по неколку недели воени злосторства, геноцид и уништување во Газа и Западниот Брег, и покрај директната поддршка на САД“.

Слични содржини