Илон Маск: Тесла банкротира

од desk2
227 прегледи

 

Илон Маск, сопственикот на компанијата Тесла и SpaceX го искористи Твитер за да се пошегува на 1 април, па објави дека банкротирал.

„Покрај интензивните обиди да собереме пари, вклучително и масовна продажба на вапсани јајца, со тага ви соопштувам дека Тесла во потполност банкротира. Значи, полошо не може“, вели Маск.

 

Потоа објави фотографии на кои глуми дека се онесвестил на својот Тесла Модел 3 автомобил додека држи натпис „Банкрот“.