Им ги остaва ли Трамп Западен Балкан и Косово на Путин?

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Новиот американски претседател Доналд Трамп нема да пројавува особен интерес кон Западен Балкан, а можно е и целосно повлекување на американските војници од овој регион, изјави за „Дојче Веле” германскиот политиколог и историчар Зибо Јансен.

Прашан дали може да се случи Трамп да му го препушти Западен Балкан на Путин, аналитичарот прогнозира дека Трамп целосно ќе се тргне од тие теми.

– Тој ќе рече дека тоа е европско прашање, а бидејќи Европејците не се единствени (на пример, државата Косово не е призната од сите членки на ЕУ), според моето мнение, во иднина Русија таму фактички ќе има голема улога и силно влијание, вели Јансен.

Германскиот експерт натаму оценува дека стравот на Приштина од поделба на Косово е оправдан.

– Претседателот на Србија индиректно им се закани со војна. Косовското раководство, за волја на вистината, исто така реагира воинствено, додава Јансен, посочувајќи дека косовските Албанци го сакаат Косово неделиво и цело, а Србите не сакаат да го признаат како независна држава и целат кон тоа да вратат барем дел од таа територија, поточно северниот дел.

– Доколку САД се оттргнат од овој проблем, опасноста од конфликт би била многу реална, нагласува аналитичарот.