Имотот на Пикасо на француската ривиера е за продажба

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Куќата на Пабло Пикасо на француската ривиера, каде што ги помина последните години од својот живот со својата втора жена, ќе биде продаден


Зградата на Пабло Пикасо на француската ривиера, каде тој ги помина последните години од својот живот со втората сопруга, ќе биде продадено утре на аукција и се очекува купувачот да плати над 20 милиони евра.
Познатиот уметник поминал 12 години во зградата Музен на ридовите во близина на Кан и починал таму во април 1973 година.Во Мужен останува вдовицата му Жаклина Рок, која Пикасо ја  сликал над 400 пати. По смртта на Пикасо сепак таа е во конфликт со неговите деца и конечно во 1986 се самоубива во куќата со поглед на Средоземно Море.
Нејзината ќерка Кетрин Утен-Бле го продаде имотот на Холанѓанец, кој го промени неговото име на “Пештерата на Минотаурот” имајќи предвид обземеноста  на Пикасо од митскиот ѕвер.
Пред Пикасо, сопственикот на куќата беше англо-ирска фамилија што произведува “Гинис”. Британскиот воен премиер Винстон Черчил, кој беше страствен уметник, често ја посетувал куќата и сликал таму.
Холандскиот сопственик има финансиски потешкотии откако потрошил многу пари на имотот за да ја прошири куќата, да изгради базен, гаражи и тениско игралиште. Имотот датира од 18 век и  е на 3 хектари земја  .
Интересно е дека има финансиер од Шри Ланка, кој во јуни понудил 20,1 милиони евра за имотот.
Во времето на Пикасо, куќата беше прилично трошни, а големи прозорци беа додадени   за да имаат поглед од секаде.
Од тогаш, само студиото на уметникот е сочувано, каде што има уште траги од неговата боја. Сепак, нема други  работо на познатиот Шпанец во замокот. / АФП