Инцидент во Чаир – навивач нападна кошаркар на Работнички

од Vladimir Zorba

Инцидентот се случи кон средината на вториот период на кошаркарскиот натпревар помеѓу Чаир и Работнички од македонската кошаркарска лига, кога при убедливо водство на гостинскиот тим (44-23), а по мала кавга на Американецот Нотиџ од „Градски парк“ со домашниот плејмејкер, Арбин Рушити.

Хулиганот го претрча целиот терен за да стигне да го удри Нотиџ, по што беа одвоени, но тој не се предаде па продолжи да замавнува со цел да го нокаутира противничкиот кошаркар.

Судиите и делегатот се повлекоа од теренот за да решат дали ќе се доигра мечот без публика или, пак, средбата ќе биде прекината.

Слични содржини