Жените од цела Индија минатите денови на улица одат под маски од крави за да укажат на дискриминацијата со која се соочуваат во земјата. Како што велат, се чувствуваат загрозено затоа што живеат во земја во која говедата се повжни од жените.

Еден Индиец забележа серија фотографии на жени под маски кои привлекоа внимание на целиот свет.
„Вознемирен сум поради факото дека во мојата земја кравата се смета поважна од жената и многу повеќе време треба да се задоволи правдата за жена која е силувана или нападната, отколку за крава која Хиндусите ja сметаат за свето животно“, вели фотографот Сујатро Гош.
Индија често е под светлоста на јавноста поради вести за злосторства над жени. Според официјалните владини статистики, во Индија на секои 15 минути се пријавува ново силување на жена.
„Случаите на силување со години се провлекуваат низ судовите. Многу силувачи се уште не се казнети, а кога се коле крава, екстремните хиндуистички групи веднаш го убиваат или го претепуваат оној кој го сторил колежот“, додава Гош.
Во индиската држава Гујарат на почетокот од оваа година усвоен е закон според кој казната за убиство на крава е доживотна робија. Исто така, за оние кои ќе се утврди дека транспортирале говедско месо во Гујарат, може да бидат осудени на 10 години затвор.
Индијците сметаат дека богот Кришна со доаѓањето на овој свет покажал колку навистина ги сака кравите и колку му дошло до нивна заштита. Во Индија, се верува дека кога бикот и кравата се задоволни, всушност и сите луѓе на светот се задоволни.