Британскиот медиум „Индипендент“ го пренесува новинарот Марк Сантора кој пишува сторија за Скопје како град на кичот, или поточно најкич град во светот по проектот Скопје 2014-та. Со доза на сарказам, поставува квиз прашања, во која земја на светот иствовремено има галии, музеј на Мајка Тереза и споменик од Александар Македонски. Го опишува владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски за кој во моментот се водат судски процеси, а од друга страна се портретира и наивноста на македонскиот народ. Во сторијата се напоменуваат милионските суми потрошени на креирање „лажен идентитет“, како и неквалитетно изработените згради, споменици, ефтини фасади, песочни плажи и палми.

Во консултации со македонскиот архитеткт Никола Стрезовски, се опишува процесот на изградба како неоснован, но и нетранспарентноста во изградбата на објектите./ Индипендент
https://www.independent.co.uk/life-style/design/a-tour-of-the-city-known-as-the-kitsch-capital-of-the-world-a8289866.html