Индиски политичар понудил 1,5 милион долари за главата на боливудската ѕвезда Дипика Падуконе

од desk2
116 прегледи

Сураџпал Аму, член на Индиската народна партија на премиерот Нарендра Моди, бара да бидат убиени познатата индиската актерка Дипика Падуконе и режисерот Санџај Лила Бансали, обвинувајќи ги дека нивниот најнов филм „Падмавати“ ја сквернави хиндуистичката легенда.

Премиерата на долгоочекуваниот боливудски филм во кој главните улоги ги толкуваат Дипика Падуконе и Ранвир Синг и која се очекува да стане еден од најгледаните во историјата на оваа земја, е одложена по уличните протести и отворените закани од политичари на владејачката партија.

Инаку, „Падмавати“, филмскиот еп на јазикот авади, ја опишува Падмавати, сопругата на кралот која извршила „сати“, самоубиство со самозапалување, за да ја сочува својата чест од инвазијата на муслиманскиот цар Киљџиј.

Реакцијата на врвот на партијата не изостана. Смртните заканите за една од најистакнатите индиски актерки и режисерот Бансал доведоа до брза реакција од Народната партија Индија, која го критикуваше односот на некои членови на партијата.

Министерот за внатрешни работи на јужната индиска држава Карнатака, Рамилинга Реди, веднаш им додели полициска заштита на актерката Дипики Падуконе и на нејзиното семејство.

Обичајот го вовеле сопругите на владејачката каста или Раџпут во 14 век, откако нивните мажи биле убиени во војни, па тие сметале дека подобра опција е живи да изгорат отколку да паднат во рацете на непријателот.

Проблемот е во тоа што некои веруваат дека во филмот има еротска сцена во која муслиманскиот цар замислува како ќе изгледа романтичната средба со Падмавати кога конечно ќе ја зароби.

Режисерот Бансали и продуцентите велат дека во филмот таква сцена не постои, но тоа не ги спречи екстремистичките групи да повикаат на забрана на филмот и на главните актери да им упатат закани по живот./макфакс