Како дете често си легнував со празен стомак, признава Свами Сивананда

Иако според неговите тврдења вели дека веќе има 120 години, индискиот монах, кој вели дека е најстариот човек кој живеел некогаш на планетата, изгледа во извонредно добра форма. Во пасошот на хиндуистot Свами Сивананда пишува дека е роден на 8 август 1896 година.
Ако ова е точно, неговиот живот поминува низ три века, но без оглед на возраста, Свами продолжува да ја практикува јогата по неколку часови на ден.
Во моментов Индиецот аплицира да биде внесен во книгата со рекорди.
Сега таму како најдолговечен човек фигурира Јапонецот Џироемон Кимура, кој почина во јуни 2013-та на 116 години и 54 дена.
Индиските власти ја потврдија автентичноста на податоците во пасошот на Свами преку проверка во регистар на верскиот храм. Дури и за мнозина многу млади Индијци верските регистри се единственото место каде што е запишано кога се родени.
Независното потврдување на возраста на Свами сепак, ќе биде многу потешко. Ова лето во. “Тајмс оф Индија” пишува за долговечниот монах кој изгледа како да е 50 години помлад.
Свами Сивананда е од светиот град Варанаси и израснал во исклучителна сиромаштија. Избрал да се замонаши и денес вели дека долговечноста му е постигнато благодарение на јога, дисциплина и целибатот. “Водам едноставен и уреден живот. Јадам едноставна храна – само варено без масти и зачини, ориз и чорба од леќа со една-две зелени лути пиперки. Свами е висок 1,58 метри и спие на постела на подот, а за перница му служи дебело парче дрво.
“Го избегнувам јадењето на млеко и овошје, бидејќи според мене тие се деликатеси. Како дете често си легнував со празен стомак “, вели Свами.
Монахот објаснува дека неговите следбеници го убедиле да побара публицитет и да ја објави возраста. Свами останува сирак на 6-години, а роднините го даваат за одгледување на духовниот гуру, со кого патувал низ Индија, пред да се задржи во Варанаси. Свами нема сериозни здравствени проблеми, живее самостојно и дури патува со воз. Роден е во колонијална Индија во епоха без електрична енергија, автомобили и телефони, но вели дека новите бенефиции не го лажат него како луѓето што денес имаат многу повеќе, но се несреќни.