Инклузивна претстава „Пепелашка“ на отворената сцена во Домот на млади во Штип

од desk4
172 прегледи

Инклузивна претстава „Пепелашка“, во која главните улоги ги играат деца со попреченост ќе биде изведена денеска на отворената сцена во Домот на млади во Штип.

Претставата е подготвена од танцовото инклузивно студио „Еурека“. Подготовката на претставата е делумно помогната преку проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ кој го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, а финансиски поддржан од Европската унија.

Слични содржини