Инженерите во лабораторијата ЈПЛ во близина на Лос Анџелес објавија дека успешното слетување го потврдиле сигналите испратени на Земјата од еден од двата минијатурни сателити кои се лансирани.
Леталото слета на Марс по половина година патување, долго 548 милиони километри, откако беше лансирано во мај од Калифорнија.
Леталото носи инструменти кои ги детектираат температурите на планетата и сеизмичките појави кои за сега не се мерени никаде освен на Земјата.
InSight е првото вселенско летало кое се наоѓа под површината на планетата. За време на својата 2-годишна мисија тој ќе ги проучува тектонските процеси на Црвената планета.
Научниците се надеваат со негова помош да ги откријат тајните на развојот на Марс, кој некогаш беше многу сличен на Земјата – со атмосфера и можеби со вода на површината.
Се очекува брифингот на НАСА да открие детали.
