Инспекторати ќе имаат поголеми ингеренции, полицискиот час ќе трае две недели

од Берта Китинска
190 прегледи

Утре Владата ќе треба да го разгледа барањето за воведување полициски час на територијата на целата држава.Во изминатите недели, просечниот дневен број на новозаразени со коронавирус во земјава се удвои.

Новиот предлог за воведување полициски час според министерот за здравство се должи на зголемената инциденца на заболени од ковид-19.

-Евидентно е дека изминатите десетина дена се зголемува инциденцата, а најмногу е зголемена во Скопје, Прилеп, Охрид, Кавадарци и Неготино. Има зголемен прилив на пациенти во болниците, во Кавадарци почнува да работи и модуларната болница, изјави Филипче.

Министерот најави дека полицискиот час ќе трае две недели.

-Има групирање по затворање на угостителските објекти . Засега предлогот за полициски час е тоа да биде две недели,  но може да има и измена на таа препорака. Некои други мерки засега не предвидуваме. Комисијата апелираше Инспекторатот колку може да ја интензивира работата во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките. Сите инспекторати сега имаат зголемени ингеренции, а ние ситуацијата ја следиме, па ако треба ќе носиме нови препораки – потенцира Филипче

Тој додаде дека освен ова, засега ништо друго нема да биде препорачано. Филипче истакна дека спроведувањето на пописот не е доведен во прашање засега.

Слични содржини