Инспекциските служби на Град Скопје постојано вршат надзор над работењето на тезгите на плоштадот Македонија

од Берта Китинска
379 прегледи

Поради новонастанатата ситуација со пандемијата на коронавирусот инспекциските служби на Град Скопје постојано вршат надзор над работењето на тезгите кои се поставени на плоштадот Македонија.

„Поради комплексноста на ситуацијата, периодов инспекциските контроли се засилени. Како за исполнувањето на обврските од договорот, така и за применувањето на новите мерки кои мора да се почитуваат од страна на сите граѓани. Во изминатиов период, поставените тезги беа неколкупати дислоцирани поради реконструкцијата на дел од плоштадот. Надлежен за ова е Град Скопје и секогаш преместувањето на тезгите беше вршено со претпазливост со цел да не се наштети на лицата кои стопанисуваат со нив“, велат за од Град Скопје.

Од Градот вела дека во иднина овие тезги ќе бидат заменети со монтажно-демонтажни објекти.

„Во иднина можете да очекувате замена на овие тезги со модерни монтажно-демонтажни објекти по европски стандарди. За таа намена, во буџетот на Град Скопје се издвоени средства за набавка на такви објекти, но за жал поради ситуацијата со Ковид-19 истата е одложена. Се надеваме дека до крајот на годината набавката ќе се реализира и сликата на плоштадот во овој поглед значително ќе се подобри“, велат од Градот.

За потсетување тезгите кои се наоѓаат на плоштадот Македонија се поставени на ова локација во 2012 година,На заинтересираните граѓани им биле доделувани по пат на Јавен оглас. Правилата по кои функционираат се дефинирни со договор.

Б.М

Фото: Борче Поповски

Слични содржини