Сопругата на Мауро Икарди, фудбалер на Пари Сен Жермен, Ванда Икарди се изнервира поради бришењето на фотографијата од Инстаграм.
Таа објави полугола фотографија од долниот дел од телото, а оваа социјална мрежа ја цензурираше. Потоа сепак објави нова, но со sвездичка!
– Оваа фотографија е цензурирана, и не ги знам причините. Кој го стори тоа? Истите оние кои се борат за нашите права, слобода и еднаквост? – се праша Ванда и ја објави оваа фотографија:
– Сè уште сакам жени со спектакуларно тело и им честитам многу пати, приватно или јавно. Зависта кај жените е една од најгрдите работи што можеме да си ги направиме на самите себе … (агресија, коментари и сл.) Да почнеме да се почитуваме едни со други за да не почитуваат – напиша Ванда во коментар на сликата