Ванда Икарди објави ВИДЕО во чипкаста долна облека: „Моето тело доживеа пет бремености“

од Stefanija Kuzmanovska

Ванда Икарди е позната во светот на фудбалот како една од најуспешните жени.

Во исто време, таа е позната и како една од најатрактивните дами. Медиумите често истакнуваат дека нејзиниот изглед се должи на пластичните операции, но Ванда реши да им ги затвори устите. Таа објави видео во кое позира во чипкаста долна облека, објаснувајќи што правела, односно што не правела на своето тело.

-Секое женско тело живее поинаква револуција. Моето тело доживеа пет бремености, пет царски реза и иако можев да си го дозволам тоа, немам никакви затегнувања на кожата, липосукции… Секое тело е различно, секоја жена избира што да прави со својот изглед. Јас одобрувам сè што прави да се чувствуваме подобро – рече Ванда.

Сопругата и менаџерка на аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди потоа додаде:

-И критиките никогаш не ме болат, сите сме различни, сите сме посебни и секогаш има некој со позатегнато тело или послаб. Она што ме разликува е мојата личност, мојата сигурност, кои не се менуваат со филтри, хирурзи и ретуширање… Многумина гледаат кон надворешноста и не разбираат дека она во што навистина се вљубувате всушност е личноста.

Слични содржини