СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО: Маж ја бакнува Ванда Икарди во гради, а таа вика: „Избриши го видеото“

од Stefanija Kuzmanovska

Ванда Икарди замина на одмор без сопругот, фудбалерот на Пари Сен Жермен, Мауро, а не ѝ требаше многу за да се најде во центарот на скандал.

Се појави видео на кое се гледа како непознат маж ѝ приоѓа и ја бакнува во градите, а кога го видела тоа почнала да вика „Избриши, избриши“.

Таа е снимена во друштво на сестра ѝ Заир, која исто така решила да го остави својот избраник дома.

Шпанските медиуми пренесуваат дека човекот кој решил на неконвенционален начин да ѝ покаже на Икарди колку му се допаѓа е всушност Еди Алварез, а досега никој од семејството Икарди не проговорил за скандалот.

Само неколку дена претходно, Ванда го привлече вниманието кон себе кога реши да оди на пливање топлес.

Слични содржини