Институт во Италија направил анализа на смртноста: Стручњаците ги прегледале картоните на починатите од Ковид-19 и еве што откриле

од Aleksandar Petrovski
206 прегледи

Вишиот институт за здравство на Италија (ИСС) направи анализа на смртноста на Апенините, врз основа на 1.500 медицинските картони за смртни случаи на коронавирус, што е само дел од 16.000 смртни случаи во Италија, но примерокот може да се смета за научно репрезентативен.

Анализата претставена од претседателот Силвио Брусаферо покажала дека пациентите умираат две до пет недели по инфекцијата, дека тие се претежно луѓе над 70 години, дека просечната возраст на починатиот е 80, дека од вирусот заболуваат повеќе мажи, затоа што од вкупниот број заразени лица чии досиеја се вклучени во анализата, 32 проценти од починатите биле жени, пренесува Танјуг.

Анализата исто така открила дека луѓето кои страдаат од други болести се изложени на поголем ризик од смртност: 63 проценти од смртните случаи имале повеќе од три патологии.

Брусаферо привлече внимание на фактот дека смртта се јавува две до пет недели по инфекцијата, што значи дека постои релативно долг тек на болеста и дека, како што гледа, тоа е исто така една од причините зошто италија продолжува да бележи голем број смртни случаи.

Од направената анализа се потврдува дека лицата кои имаат над 70 години се оние кои најмногу страдале.

Истрагите се започнати во голем број италијански градови за високата стапка на смртност во старечки домови.

Само во регионот Лигурија, во 230 старечки домови, починале 800 луѓе, повеќето жители на домовите, но и персоналот што им служи.

Првите откритија покажуваат дека причините за ваквата висока смртност биле „негрижа, површна состојба и пропусти во управувањето со здравствените установи во кои старите лица починале масовно заради ширењето на вирусот“.

„Имаме општа причина за благ оптимизам; бројките се намалуваат поради строгите мерки, но сè уште не можеме да се опуштиме“, рече Брусаферо.