„Интеграција на идентитети“ – изложба на македонски и бугарски уметници

од desk4

Во галеријата Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ со дела од 21 автор од Северна Македонија и Бугарија. Изложбата е иницирана од групата уметници „Конекција“ и продуцирана од македонскиот Културно-информативен центар во Бугарија и претходно беше претставена во Пловдив и во Софија.

На изложбата ќе учествуваат уметниците од Колектив Зеро, Шќипе Мехмети, Атанас Ботев, Ибрахим Беди, Исмет Рамичевиќ, Роберт Јанкуловски, Ацо Станковски, Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Зоран Мише, Перица Георгиев, Иво Пецов, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Десислава Христова, Иван Ќуранов, Лилајна Караџова, Генади Гатев, Росен Тошев, Свилен Стефанов и Нина/Вале.

Иницијаторот на проектот – ликовната група „Конекција“ во која членуваат седум македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија, во  претходните неколку години направи изложби во речиси сите поголеми градови во Бугарија. Оваа година концептот на групната изложба е проширен со нови автори и тематски е збогатен.

Идејата за поврзување на творештвата на авторите од двете земји  беше поддржана од Министерството за култура, а во подготовките и остварувањето на проектот помогнаа кураторите од  Северна Македонија и Бугарија – Горанчо Ѓорѓиевски и Свилен Стефанов.

Слични содржини