Дали сте знаеле дека натпросечно интелигентните луѓе најдобро се чувствуваат кога се сами? Според резултатите од најновото научно истражување, луѓето со висок степен на интелигенција сакаат да минуваат време во самотија.

Истражувањето е спроведено од тим научници од Универзитетот за менаџмент во Сингапур и Факултетот за економија и политика во Лондон. Целта била да се утврди врската меѓу местата каде луѓето живеат и степенот на животно задоволство.
Резултатите покажале дека повеќето луѓе се среќни и задоволни кога се опкружени со мили и сакани луѓе, додека натпросечно интелигентните луѓе се чувствуваат најдобро кога се сами. Во потрага по одговорот зошто е тоа така, научниците сугерираат дека овие луѓе се чувствуваат нелагодно во поголеми групи и заедници бидејќи мозокот не е еволуциски прилагоден за работа и соработка во помали групи. Колку личноста е понтелигентна толку помалку се чувствува пријатно во големи групи.
Ова не значи дека интелигентните луѓе се несреќни кога се со други луѓе туку дека најмногу спокој имаат кога се сами бидејќи на светот гледаат од друга перспектива.