173 камикаѕе на ИД се подготвуваат да извршат напади во Европа.
Меѓународната организација “Интерпол” состави листа со 173-ца бомбаши-самоубијци од “Исламска држава”, кои се подготвуваат да извршат напади во Европа. Ова го соопшти денеска британскиот весник. “Гардијан”, каде беше објавен документот.
Според информациите на медиумот листата бил распространет уште на 27 мај и вклучува во себе серија од лица за кои се смета дека “биле обучени да креираат и управуваат рачно изработени бомби за нанесување на сериозни повреди и смрт”. Постои веројатност дека засегнатите луѓе се во состојба и да учествуваат во терористички активности во странство. Треба да се напомене дека податоците првично биле собрани со помош на американското разузнавање “преку сигурен канали” за време на операции во Сирија и Ирак. Подоцна тие биле префрлени на Федерално биро за истраги (ФБИ), а потоа и на “Интерпол” за посеопфатена акциа на глобално ниво.