Интервју со Андреевски: Александрополи на македонската економија ќе и возможи иста цена на природен гас со економиите во регионот

од Vladimir Zorba
843 прегледи

Според еден од најголемите познавачи на состојбите во енергетика особено во снабдувањето со природен гас, Митко Андреевски, кој е поранешен советник за енергетика на екс премиерот Зоран Заев, обвинувањата за неисплатливост на проектот Александрополи, кои се појавија во јавноста во последниве неколку денови, се комплетно неосновани. Тврдењата се тенденциозни и лажни, вели тој во интервју за „Локално“.

Деновиве се изнаслушав многу грешни бројки и проценти, лажни и грешни проекции за цена на гасот, како и лагите дека проектот нема физибилити студија, дека е прескап, па чинел 700 мил евра итн. И тоа воопшто не ме чуди бидејќи ми се познати мотивите на одредени личности и гравитацијата на истите во нашето општество“, објаснува тој посочувајќи ги следните факти, цената на гасот не ја утврдува терминалот туку пазарот, терминалот има физибилнсот а 60% од капацитетот е веќе закупен, терминалот нема да продава гас туку тоа ќе го прават трговците на балканските пазари со што ќе се создаде конкуренција на досегашниот „ексклузивец“ Газпром.

Гасниот терминал нуди количина на гас со која ќе се задоволат 100% од потребите на Бугарија, Македонија и дел од Грција. Со овој нов капацитет и дополнителна количина на гас, секоја економијата во регион ќе ги почиствува бенефитите што неминовно ќе доведе до пад на цената на природниот гас во наредниот период. Најбитно за нашата економија е што за разлика од досега, ќе имаме иста цена на природен гас со економиите во регионот“,  објаснува Андреевски.

Доколку дојде до едностран и без причина прекин во снабдувањето со руски гас, според него ќе се создадат услови и ние да не’ го почитуваме договорот со Гаспром и да повлечеме гас преку бугарскиот оператор за пренос на гас.

„Се согласувам дека престои тешка зима и имаме време да се подготвоме со неколку сценарија. Дали тоа ќе го направиме!? Тоа зависи од одговорните во оваа држава“, дециден е тој.

Според проценките за енергетска транзиција на земјава до 2040 година ќе бидат потребни меѓу 800 и 900 милиони евра.Со оглед на секојдневните случувања на полето на енергетиката особено во Европа, што мислите во која насока треба и ќе се одвива гасификацијата, диверзификацијата, …?  

-Ова сума ако паметно се вложи не е висока. Ако со овие средства направиме “Енергетска Револуција” со зелени обновливи системи- тогаш сме на вистинскиот пат.  Гасификацијата подразбира и производство и користење на водород, кој се очекува да биде гасот кој ќе биде иднината на оваа планета. Ако за ова постои општ консензус – зошто ние да не бидеме лидери и промотори на таков проект во МК по приметот на проектот Александрополус?!

Претседателите од регионот го озваничија почетокот на проектот Александрополи. Во која мерка овој проект за пловечки терминал ќе ја промени енергетската карта на регионот?

-Проектот Александрополи има  регионален карактер за сигурно и безбедно снабдување со природен гас. Овој проект финансиски e поддржан од ЕУ во висина од 169 мил евра, и со тоа ЕУ покажува колку овој проект е вреден за регионот и Eвропа. За првпат на балканскиот полуостров гледаме заедничко делување на политичкиот естаблишмент од сите држави. Тоа е дополнителен сигнал дека овој проект има светла иднина и загарантиран успех со што очекувам дека ќе предизвика позитивни промени во севкупната енергетска слика на регионот. За Македонија, во нејзината 30 годишната независност да одлучи да учествува во проект заедно со своите соседи. Пред девет години кога започна идеата за пловечки терминал на течен природен гас (LNG)  во Егејското море, овој проект имаше повеќе противници од поддржувачи но денес – се покажа дека неколку луѓе биле визионери. Искрената изјава во врска со тој скептицизам на претседателот Вучиќ е потврда на тоа.

Што ќе значи овој регионален енергетски проект за македонската економија? Дали и во колкава мера ќе овозможи стабилно и доверливо снабдување со течен гас?

-Гасниот терминал нуди 6.5 милиарди нм3 гас годишно. За читателите да биде појасно: Тоа е количина на гас која денес ги задоволува 100% потребите на Бугарија, Македонија и дел од Грција. Со овој нов капацитет и дополнителна количина на гас на постоечката,  секоја економијата во регион неспорно ќе ги почиствува бенефитите од проектот. Овој проект ќе ги забрза движењата за формирање на платформа за тргување со природен гас, зголемена конкуренција, право на избор и сигурност во снабдувањето со природен гас.

Цената на гасот преку оваа траса ќе биде многу повисока, според некои очекувања дури 10 пати. Од таа причина какви ефекти ќе предизвика тоа врз македонската економија, особено на оние гранки кои се 100% зависни од гасот?

-Деновиве се изнаслушав многу грешни бројки и проценти, лажни и грешни проекции за цена на гасот, како и лагите дека проектот нема физибилити студија, дека е прескап, па чинел 700 мил евра итн. И тоа воопшто не ме чуди бидејќи ми се познати мотивите на одредени личности и гравитацијата на истите во нашето општество.

Ова е добра прилика за Вас како медиум а и за јавноста да ги слушне фактите:

– терминалот не ја утврдува цената на гасот, туку тоа го утврдува пазарот т.е понудата и побарувачката,

– терминалот има физибилност бидејќи ваков тип на проекти има регулирана дејност и загарантиран профит во точно определен процент утврден од европско регулаторно тело. Притоа 60% од капацитетот е веќе закупен а маркет тестот позитивно завршен!

– терминалот не продава гас, туку терминалот создава услови да продааваат гас трговците на природен гас ( Бритиш Петролеум, Шел, Шиниир, Катаргас и други) на овие балкански пазари и да создаде конкуренција на досегашниот “ексклузивец” Гаспром.

Оваа конкуренција и зголемена понуда на гас во регионот неминовно ќе доведе до пад на цената на природниот гас во наредниот период. Најбитно за нашата економија е што ќе имаме иста цена на природен гас со економиите во регионот а не како досега, кога инпутот на енергија  во финалниот производот кај нашите соседи во Србија, Бугарија и Грција беше многу понизок од тој во Македонија.

Проекциите се дека гасот од Александрополис ќе потече за 20 месеци. Под претпоставка дека овие оптимистички планови се и најобјективни, сепак останува да се избориме со периодот дотогаш. Какви алтернативи и остануваат на Македонија за да ги “протурка” овие месеци, особено студените?

-Тешки и лимитирани но не сме без никакви алтернативи. Ние немаме други гасни врски и втор снабдувач. Но ако се прекине испораката на гас -еднострано и без причина нарушувајќи го постоечкиот договор, тогаш се создадени услови и ние да не’ го почитуваме договорот со „Газпром“ за капацитет и ќе повлечеме гас преку бугарскиот оператор за пренос на гас.

Сопирањето на рускиот гас за Бугарија , отвори многу грижи за земјите од регионот.Дали и во колкава мера снабдувањето на Македонија со овој “плав енергент” ќе биде сериозно загрозено од ваквата одлука на Русија? Има ли причина за грижи?

-Загриженост да, но има техничка можност а постои и начин како да се надмине  или поточно ублажи тој проблем. Бугарија е без достава на гас од 27 април и до денес (07 мај ’22) нема прекин при испораката на гас кон  ниту еден клиент. Истото ќе биде и за Македонија.

На „тешка”зима предупреди и српскиот претседател Вучиќ. Дали можеби овојпат, за разлика од претходниот период, навреме ќе се подготвиме и ќе обезбедиме стратегија во делот на енергетиката за зимата која следи?

-Се согласувам дека престои тешка зима и имаме време да се подготвоме со неколку сценарија. Дали тоа ќе го направиме!? Тоа зависи од одговорните во оваа држава. Јас сум на располагање на оваа држава да и помогнам со сите мои контакти и пријателства како и совети.

Стопанската комора порача дека покрај инвестициите во обновливи извори мора да се поработи на гасификациската мрежа. Дали можеби сега конечно ќе дојде до забрзување на овој проект кој со децении наназад се одоговлекува, секогаш заради различни причини?

-За жал Македонија го изгуби чекорот за развој на гасоводни дистрибутивни мрежи. Веќе е предоцна за таков проект поради агендата на ЕУ за декорбонизација на европскиот континент до 2050 година. Дистрибутивните системи имаат лиценциран период од 35 години поради бавниот поврат на инвестиција. Од тие причини ние време немаме за изградба на такви системи. Останува да се посветиме на довршување на магистралните водови и поврзување со соседите- кои ќе ја направат оваа држава транзитна земја на природен гас. И секако поврзување на големите индустриски и енергетските постројки кои веќе ги имаме.

Според проценките за енергетска транзиција на земјава до 2040 година ќе бидат потребни меѓу 800 и 900 милиони евра.Со оглед на секојдневните случувања на полето на енергетиката особено во Европа, што мислите во која насока треба и ќе се одвива гасификацијата, диверзификацијата, …?  

-Ова сума ако паметно се вложи не е висока. Ако со овие средства направиме “Енергетска Револуција” со зелени обновливи системи- тогаш сме на вистинскиот пат.  Гасификацијата подразбира и производство и користење на водород, кој се очекува да биде гасот кој ќе биде иднината на оваа планета. Ако за ова постои општ консензус – зошто ние да не бидеме лидери и промотори на таков проект во МК по приметот на проектот Александрополус?!

К.В.С.

 

Слични содржини