Не смееме да го уништиме урбаното јадро и затоа урбанизацијата во општина Аеродром треба да се пренасочи кон периферијата. Тука, од голема помош ќе ни биде и новоформираното Партиципативно тело од областа на урбанизмот, кое е составено од граѓани, стручна јавност (архитекти) и организации. Ќе се залагам ова тело да биде проактивно, а не само да постои затоа што така налага Законот за урбанистичко планирање, вели во интервју за „Локално“, кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Аеродром, Александар Филиповски.
Филиповски смета дека треба да се пристапи кон плански развој на општината и хуманизација на јавниот простор.
-Погледнете ги на пример старите делови од Аеродром, кадешто и јас сум пораснат. Во секој дел има предвидено се што би им било потребно на луѓето кои се населуваат таму, од паркови до градинки и училишта. Во Аеродром никнаа населби во населби и во тој поглед штетата е веќе напревена. Но, она што можеме да направиме е за нив да обезбедиме нови градинки, училишта, маалски паркови, игралишта, маркети и тоа да го сториме навремено. Да не чекаме граѓаните да побараат, туку да бидеме проактивни во работата, објаснува кандидатот за градоначалник.
Според него начинот на загадувањето на воздухот би се решил со конкретна соработка меѓу општините и Град Скопје и сите еднаш засекогаш да се откажат од одговорот „не е наша надлежност“ .
-Има делови од општината кои не се, Населба Лисичте, Тодор Чангов, Горно и Долно Лисиче, за што треба да се понуди трајно решение. Овие домаќинства имаат и повисоки трошоци за загревање во зимскиот период, што честопати е причина за користење несоодветен огрев. Во таа смисла ќе овозможиме субвенции за промена на системите за греење, при што најавувам строга контрола за реализација на оваа мерка. Мора да сме сигурни дека средствата одат таму кадешто се потребни и се користат за премин кон поеколошки системи за загрвање, објаснува тој.
Доколку го презеде раководството Филиповски најавуа дека општината ќе прерасне во чиста, зелена, урбан и развиена – општина која ќе нуди квалитетен живот за сите свои жители.
Како граѓанин од оваа општина што најмногу ви пречи и би сакале веднаш да се реши штом влезете во раководството?
Мислам дека е потреба итна реорганизација на комуналните служби и зајакнување на нивните капацитети. Граѓаните најчесто се жалат од одржувањено на хигиената и зеленилото во општината и се согласувам дека може значително да се подобри.
Понатаму, потребен е јасен план за работа и поставување на приоритети. Во таа смисла мислам дека недостасува континуитет во работата и редовна комуникација со граѓаните, што е клучно за секоја локална самоуправа. За да знаеме во секој момент што е она што е потребно и најитно да се реши и да можеме да ги планираме идните проекти соодветно реалните потреби. Ваквата комуникација значи и полесен пристап до информации и покавалитетни услуги. Цврсто сум решен општината да ја претвориме во вистински сервис за граѓаните. Ова значи побрзо процесирање на барања, вклучително легализации, планирање на услуги на локално ниво – како што се домашни посети за повозрасни, финансиска поддршка за млади таленти, и така натаму.
Според вас кој е најголемиот проблем со кој се соочува општина Аеродром? И дали имате план како истиот да го решите?
Недостатокот на места во градинките за мене е доста алармантно и нешто што не смееме да си го дозволиме. Предучилишното образование е клучно за развојот на децата и наша должност е да обезбедиме најдобри услови што можеме. За почеток во програмата ја имаме предвидено изградбата на нова градинка во Мичурин, со капацитет за 300 деца и целосна реконструкција на градинката во населба Лисиче. Но, веднаш потоа ќе направиме проценка на кои други места се потребни дополнителни капацитети и обновувања, но и долгогодишен план за развој кој ќе ги следи идните потреби.
Мислам дека треба да се пристапи кон плански развој на општината и хуманизација на јавниот простор. Погледнете ги на пример старите делови од Аеродром, кадешто и јас сум пораснат. Во секој дел има предвидено се што би им било потребно на луѓето кои се населуваат таму, од паркови до градинки и училишта. Во Аеродром никнаа населби во населби и во тој поглед штетата е веќе напревена. Но, она што можеме да направиме е за нив да обезбедиме нови градинки, училишта, маалски паркови, игралишта, маркети и тоа да го сториме навремено. Да не чекаме граѓаните да побараат, туку да бидеме проактивни во работата.
Ковид кризата покажа дека е потребно уште многу да се вложува и во училиштата – и во опрема и во самиот образовен процес. Во таа насока ќе обезбедиме силна поддршка за сите на кои им е потребна – на ученици, нивните родители и секако за кадарот.
Дали имате план како би се водело урбанистичкот планирање со градњето на зграда?
ВМРО – ДПМНЕ направи сериозна штета со урбанистичкото планирање, како на ниво на општина, така и на ниво на град. Штета, која во голема мера не може да се надомести. Сепак, граѓаните очекуваа поголеми промени и од СДСМ по ова прашање. Да, има одредени добри законски решенија, како што е на пример формирањето на партиципативни тела по сите општини, законски минимум од 20% зеленило во секоја парцела, но граѓаните бараа и повидливи и поконкретни промени. И јас за истите ќе се борам.
Во одредени случаи кога станува збор за приватен имот со намена за домување, не можете истиот да го пренамените во зелена површина. Но, можете, имате автономија како општина, при подготовката на ДУП, да го утврдите габаритот на градба, да наложите да биде во согласност со градежната линија, односно висина на целиот потег. Или пак, во минатото, повторно во време на ВМРО-ДПМНЕ, имавме повеќе случаи кога државно земјиште, на атрактивни локации се оттуѓувало, продавало за „ич пари“ и истото добивало намена за домување. Ова веќе никогаш нема да биде пракса во Аеродром.
Сметам дека не смееме да ги повториме грешките од минатото. Не смееме да го уништиме урбаното јадро и затоа урбанизацијата треба да се пренасочи кон периферијата. Тука, од голема помош ќе ни биде и новоформираното Партиципативно тело од областа на урбанизмот, кое е составено од граѓани, стручна јавност (архитекти) и организации. Ќе се залагам ова тело да биде проактивно, а не само да постои затоа што така налага Законот за урбанистичко планирање. Ако има потреба ќе излегуваме и на терен, ќе ја гледаме фактичката состојба, ќе зборуваме со засегнатите граѓани.
Урбанистичкото планирање го креира ликот на општината и последиците од истото се трајни. Затоа при планирањето на нови објекти за домување паралелно ќе мислиме и на нови маалски паркови, градинки и училишта.
Но, ако сакаме системски промени мора и до крај да се спроведе фискалната децентрализација. Урбанизмот е тема број еден на национално ниво, а „комуналиите“ од градење се најстабилен извор за финансирање на општините. Час поскоро ни требаат промени во законската регулатива и обезбедување на нови начини за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Ова ќе биде единствениот начин за реално да го намалиме проблемот со непланската урбанизација, а и политичките промени на локално ниво да не го дефинираат драстично изгледот на општината. Затоа што никој не е вечно градоначалник, но граѓаните и после нашиот мандат продолжуваат да живеат тука, нивните деца растат, се образуваат. Важно е квалитетот на живот да го задржиме и унапредиме.
На кој дел од општината и е потребна урбанизација?
Од самите свои почетоци Аеродром е општина која е пример за квалитетно живеење. Годините на непланска градба во време на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија оваа слика, но токму затоа сега е времето кога мора да делуваме. Урбанизација не треба да се асоцира исклучиво со нови згради, таа е адаптирање на просторот за живеење за потребите на жителите, со цел овозможување квалитетен живот во урбаната средина. Односно, освен домување, значи и изградба на детски и спортски игралишта, зелени површини, градинки, деловни објекти (продавници, ординации) и слично. Всушност, креирање населби кои имаат што да понудаат на граѓаните во рамки на сопственото маало.
Во таа смисла, делови од Стар Аеродром, кадешто беа старите воени бараки, новите населби на булеварот Македонска Бригада и секако потегот кон Горно и Долно Лисиче, кадешто сè уште има потенцијал за развој. Во сите овие делови треба да се заврши уредувањето на просторот, без разлика дали станува збор за приватни или државни парцели. Во моментот има запуштени делови кои се нефункционални и неодржувани. Тие треба едно по едно да се решаваат и да се претвораат во паркови, игралишта, училишта, градинки или што и да е потребно за тој конкретен регион.
Во одредени делови ќе затекнеме и важечки ДУП-ови кои можеби не го штитат во најголема мера јавниот интерес, но и јас и мојот тим ќе инсистираме штетата да биде помала. Во тие реони да вложиме во повеќе зеленило и содржини за сите генерации на граѓани.
Општина Аеродром е една од скопските општини кои се соочуваат со голема загаденост. Од каде доаѓа овој проблем, сооглед на тоа дека поголемиот број на згради се вклучени на централно греење. Имате ли план како да се реши?
За проблемот со загадувањето треба да бараме заедничко решение – нема воздушна граница меѓу општините во Скопје. Мора да се воспостави соработка со околните општини и со Градот Скопје за строга контрола на загадувачите. Мислам дека е потребна подобра комуникација и координација меѓу службите. Еднаш засекогаш мора да се откажеме од одговорот „не е наша надлежност“ и да се фокусираме на решавање на проблемите заеднички. Дополнително, планирам да започнеме континуирана соработка со експертски здруженија и меѓународни партнери кои имаат знаење на темата. Проблемот нема да го решиме преку вечер, но мора решително да работиме во таа насока.
Треба да имаме предид дека овие 2 – 3 години имаме тренд на намалување на аерозагадувањето. Да, можеби и пандемијата си го направи и своето и помалата фреквенцијата на возила апсолутно влијаеше на ова прашање, но изминативе години се променија и повеќе системи за греење на јавни објекти, од нафта како штетно фосилно гориво на гео – термални пумпи (градинки, училишта, студентски домови) и оваа пракса ќе продолжи и понатаму.
Инаку, зградите во Аеродром во најголем дел се вклучени на централно греење, но има делови од општината кои не се, Населба Лисичте, Тодор Чангов, Горно и Долно Лисиче, за што треба да се понуди трајно решение. Овие домаќинства имаат и повисоки трошоци за загревање во зимскиот период, што честопати е причина за користење несоодветен огрев. Во таа смисла ќе овозможиме субвенции за промена на системите за греење, при што најавувам строга контрола за реализација на оваа мерка. Мора да сме сигурни дека средствата одат таму кадешто се потребни и се користат за премин кон поеколошки системи за загрвање. Паралелно ќе работиме на подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти, а планирам да обезбедиме поддршка за реконструкција на фасадите на колективните и индивидуални домувања.
Опозицијата се уште во тајност го држи името на вашиот противкандидатЛевица веќе го соопшти својот избор. Очекувате ли жестока битка во изборниот циклус?
Очекувам фер битка во изборниот циклус, која ќе се основа на квалитетот на понудата. Да нудиме кокретни решенија, наместо празни зборови. Работата на локалната самоуправа е многу видлива во секојдневието, токму затоа и ми се допаѓа. Тоа што ќе го претставам во следниот период нема да биде кампања за избори, туку план за работа во следните четири години. И знам дека граѓаните ќе препознаат искреност.
Додека бев пратеник во Собранието имав прилика да сведочам колку вистинските политики можат да придонесат за поквалитетен живот на граѓаните, но истовремено колку погрешните приоритети можат да бидат деструктивни. Безбројните амандмани што ги поднесуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ кочеа закони чиишто бенефити граѓаните со години ги чекаа. Гледам дека и Левица се служат со истите тактики. Недозволиво е да се одоговлекуваат одлуки кои се од корист за граѓаните за ситни политички поени. Ваквиот начин на работа се надевам и очекувам да се смени. Време е сите политичари и јавни службеници да развијат повисока свест и заедно да работиме за доброто на народот.
Од вашиот сопартиец и сега актуелен градоначалник Златко Марин, беше најавена изградба на голф терени како дел од проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“. Според најавите тој треба да биде изграден до 2023 година. До каде се работите на терен според вашите сознание? Кои би биле придобивките доколку овој проект успее да се реализира во оваа општина?
Досега според моите сознанија Општина Аеродром има потпишано меморандум за соработка со Голф Федерацијата, но за локациите кои се спомнуваат нема донесено детален урбанистички план, ниту е изработен проект за оваа намена. Дополнително, не сум сигурен дека ваков проект е приоритет во моментот. Организираме средби со граѓани во следниот период на кои ќе се дискутира програмата за следните четири години. Пресудни ќе бидат потребите на локалното население и ќе се водиме по нив, како во изработка на програмата, така и во текот на целиот мандат.
Се почесто гледаме пајак служби низ општината на места каде жителите немаат паркинг и гаражи за сопствените возила. На кој начин би им овозможиле на овие граѓани да го решат проблемот со паркингот притоа да не кружат низ уличките за да го „заштитат“ автомобилот од пајакот?
Проблемот е што во делови од општината паркирањето воопшто не е регулирано, како што се Острово и Мичурин. Кадешто е можно и соодветно, ќе иницираме воведување зонско паркирање, што ќе го ограничи паркирањето за оние кои не се жители на Општината, а за граѓаните – резиденти паркирањето ќе остане бесплатно. Онаму кадешто е потребно и условите дозволуваат планираме изградба на катна гаража, со што ќе обезбедиме дополнителни паркинг места. Изведбата на визуелниот израз ќе биде во согласност со урбаното живеење во секое поединечномаало. Гараѓите би биле примарно наменети за жителите на општината, а дополнително ќе се наплаќаат услугите на посетителите кои немаат живеалиште тука.
Кои се најчестите заблешеки на граѓаните при маалските собир? Дали имаат предлози на кои можеби би поработиел во иднина?
Барањата досега најчесто се однесуваат за подобра комуникација со општинските служби, забелешки за јавната хигиена, недостаток на места во градинките и така натаму. Интензивните средби со граѓани започнуваат во следниот период, со цел да ги потврдиме активностите кои се веќе планирани, но и да ја дополниме програмата, согласно она што ќе го слушнеме на терен.
Програмата е веќе поставена врз основа на потребите идентификувани во секое маало поединечно. Аеродром е разнолика општина и токму затоа при планирање на идните проекти се трудевме да го третираме секој дел посебно, а потоа и да размислуваме за што недостасува во целост. Од капиталните проетки, освен градинки, предвидуваме и изградба на младински културен центар, затворени базени и средно училиште, во соработка со Град Скопје.
Како го гледате Аеродорм за 5 години, доколку ви се даде довербата ?
Чист, зелен, урбан и развиен – општина која нуди квалитетен живот за сите свои жители. Мислам дека е крајно време општините да прераснат во сервиси за граѓаните – сервис кој умее да ги препознае и да одговори на потребите на населението. Со овој чекор ќе се подготвуваме и ќе тежнееме кон следната и долгоочекувана фаза на фискална децентрализација. Новото раководство ќе воспостави мрежа на партнери од сите сфери на локалното општествено делување – невладини организации, стручни организации / експерти, граѓански организации и асоцијации и професионални здруженија, бизнис секторот, како и структурирана комуникација со државните органи кои оперираат на нејзината територија – центар за социјална работа, управа за водење на матични книги, здравствени и образовни институции. На овој начин ќе ја претвориме локалната самоуправа во ефикасен сервис и „центар за информации“ за локалното население.
Б.М.