ИНТЕРВЈУ со Николов: За 4 години Штип ќе прерасне во најбогата и најразвиена оптшина во државата

од Vladimir Zorba

Имав среќа да бидам единствен човек кој доби шанса да се испроба во оваа функција на градоначалник, каде јас имав 10 месеци период, да го научам функционирањето на општината, работењето на општинската администрација, јавните претпријатија, да ги научам сите проблеми во целата општина, рурална и урбана и на крај во овие 10 месеци да изработиме со мојот тим на еден поинаков, детален начин, со што направивме за 10 месеци да бидеме горди што живееме во овој наш сакан град, вели во интервју за „Локално“, Сашко Николов, кандидат на СДСМ, за градоначалник на Штип.

За 10 месеци темелно и детално и по закон реконструиравме 29 улици во различни маала во градот, направиме и сервисиравме голем број на тротоарни површини во градот, бетониравме и асфалтиравме помали улички, ги отворивме и прочистивме сите атмосферски канализациони шахкти, кои верувајте 70% беа нефункионални, ја зголемивме хигиената во градот на едно завидно ниво, парково уредување итн, објаснува тој

Во однос на урбанизмот, вели Николов веќе очекуваме завршен генерален урбанистички план (ГУП), кој очекувам во наредните денови да биде и објавен за завршен, со што започнува правилно урбанистичко и инфраструктурно проширување на градо.

На својот противник Николов му посакува плодна, коректна и фер кампања, со успешно презентирање на својата програма, со цел штипјани да го одберат најдоброто.

Во однос на тоа дека повеќето од градовите во земјва се соочуваат со миграција на младите, актуелниот градоначалник на Штип вели дека општината ќе ги поддржи младите инватори за да стартуваат својот бизинис во родниот град.

-Секоја општина без својата младина не може да планира никаков развој и унапредување. Во нашата општина имав многу средби со младите интелектуалци и веќе стоиме како општина и како нивна поддршка за формирање на стартап компании кои ќе овозможат на младите своите бизниси да ги започнуваат во Штип и од овде да даваат услуги насекаде во светот.

На самиот старт на вашиот мандат најавивте дека Штип ќе продолжи да се развива и ќе добие еден нов карактер, карактер на чесни, одговорни и транспарентни институции.Дали успевате во рок од скоро 10 месеци колку што сте на оваа позиција да направите реорганизација на администрацијата и поголема достапност на граѓаните кон општинските органи?

-Апсолутно да. Во овие 10 месеци, успеавме да направиме комплетна реорганизација на целата администрација, со воведување на внатрешно проследување и рокови за извршување на потребите и барањата на нашите сограгани, кои во најбрз временски период ги добиваат барањата кои ги упатуваат до општината. Преку ИТ секторот, изработивме софтвер, кој ќе го олесни аплицирањето за најразлични налози и наплати во општината(како даноци, комуналии итн), со што во бвреме на пандемија се намалува ризикот од одење во самата општина. Воедно успеав да донесам стручен кадар од невладиниот грагански секотр, кој преку Солидарниот Фонд на општина Штип, дава една јавна транспарентност во работењето на самата општина и многу лесна комуникација на со граганскиот сектор, кој е и главен коректор на работењето на целата општинска администрација и работењето на институцијата градоначалник.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на минатите вонредни избори во Штип. Овој пат нивен кандидат е Иван Јорданов. Ваш коментар за изборот на опозицијата, што би му порачале пред локалните избори?

-Опозицијата е главниот чинител во развивањето на едно општество и секогаш е најбитно да имаме силна опозиција која ќе биде главен критичар на се она што работиме, со цел да се подобруваме и да даваме подобро за нашите граѓани. Поради нивна одлука, во Декември 2020, немаа свој претставник на предвремените локални избори за градоначалник, но оваа година на редовните локални избори, имаат кандидат, кој е дел од македонското собрание, наш угледен сограѓанин, кој се надевам дека со добра програма ќе понуди поголема конкуренција на штипјани да одберат она што е најдобро за нашиот град Штип.Му посакувам плодна, коректна и фер кампања, со успешно презентирање на својата програма, со цел штипјани да го одберат најдоброто.

Колку од предвидените проекти (приоритети) за овие 8-9 месеци откако сте на градоначалничката функција успеавте да ги реализирате?

-Во овие 8-9 месеци како градоначалник, со мојот тим, успеавме да ги реализираме над 70% од предвидените проекти, но во овој период реализиравме и голем број на проекти кои не беа во нашата програма, зошто се јавија како приоритетни проблеми, кои бараа итно решавање. Јас сум горд што можам да кажам дека во мандат од помалку од 6 месеци, успеавме да реконструираме 29 големи улици, тротоари, да поставиме нови водоводни линии и канализациони мрежи, да реновираме училишта и училишни сали, да ја зголемиме хигиената во градот и парковото уредување, да го подобриме јавното осветлување во целата општина, буквално работевме насекаде во сите урбани и рурални средини. Впрочем и плаот за работа на јавните претпријатија Исар и Стипион, го исполнивме за помалку од 6 месеци, па со ребалансто додавме средства за дополнување на планот и иситот во наредните 2 месеци го завршивме. Затоа што со добра организација на сите институции, на ниедно барање на нашите сограѓани не се чека повеќе од 24 часа за да се реши нивниот проблем. Останатите 30% од проектите се во тековна работа и се поврзани еден со друг и затоа за нив ќе зборување до крајот на годината, кога и очекуваме да се заврши дел од нив и 2021 да ја завршиме со над 85% реализација на проектите кои ги презентиравме во мојата изборна програма.

Според вас кој е најголемиот проблем со кој се соочува градот Штип? И дали имате план како истиот да го решите?

-Имаме неколку големи проблеми во нашата општина. Првиот и можеби најсериозниот проблем е непланираното ширење и развивање на градот. Затоа уште првиот ден како градоначалник се зафатив да го реализирам ГУП кој не е променет од 1968 година, и во наредните денови очекувам да имаме завршен ГУП, според кој во наредните месеци ќе се исцртува ДУП и ќе почнеме со планирање на нови инфраструктурни проекти за формирање на планирани населби, кои ќе ја прошират, урбанизираат и развијат нашата општина. Вториот најголем и огромен проблем се старите дотраени главни водоводни цевки, кои во последните година дена направија голем проблем со огромен број на сериозни дефекти, кои го скратија водонабдувањето на штипјани. Пред неколку дена започна завршната тест фаза од новото водоснабдувањ на Штип,преку ХС Злетовица, каде имаме најголема ултра филтрациона станица во целиот регион, каде ќе се филтрира чиста планинска вода и ќе се носат 300л/с до нашите домови, кои ќе го решат проблемот за водоснабдување во наредните децении. Но, главниот проблем останува со старите главни водоводни цевки, за кои веќе изработивме проект за нивна целосна промена и веќе поднесовме барање до институциите за одобрување на финансиски средства. Така во наредната година очекувам започнување на овој огромен проект кој ќе го реши и овој горлив јазол на штипјани. Меѓгу другото преку ТАВ аеродроми успеавме да добиеме 70мил.денари за изведба на водоводна линија 2, која дава една нова водовна мрежа на голем дел од нашиот град.

Најавивте изградбата на сто мали куќи за социјално ранливи семејства.За каков проект конкрето станув збор и до каде е нивната реализација?

-Станува збор за проект финансиран од Европска банка за станбено решавање на социјално загрозени ромски семејства. Овој проект финансиран од Европска унија, се води според соодветни чекори, кои ние како локална самоуправа ги следиме нивните инструкции и сме вече во завршна фаза од проектната инфраструктурна реализација, после што започнува и завршната фаза, а тоа е изградба на првите 47 типски куќи, а понатаму и останатите 53. Токму поради овој проект , ќе се пролонгира уште еден проект кој е тесно поврзан со овој, а тоа е изградбата на булевар Партизанска, каде ќе треба да се дислоцираат 10 трошни куќи , во кои во субстандардни услови живеат наши сограѓани роми. Но среќен сум што овој проект оди доста брзо и почнува реализацијата на истиот,а со тоа и давање шанса за убав и подобар живот на 100 социјално загрозени ромски семејства.

Кои се најчестите заблешеки на граѓаните? Дали имаат предлози на кои можеби би поработиел во иднина?

-Начинот на кој започнав да работам како градоначалник е да ги прашувам и слушам предлозите и барањата на нашите сограѓани. На тој начин и ја направивме програмата за 2021 за овие 10 месеци. Првите 3 месеци, повторно бевме на терен , меѓу граѓаните, каде и ги дознававме проблемите со кои се соочуваат и на тој начин си додавме нови приоритети во нашето работење. Главните барања на нашите сограѓани се улиците, тротарите, водовод, осветлувањее и хигиена. Но, тоа се наши секојдневни обврски и ги извршуваме и сакаме да му дадеме ново светло на нашиот град , со проекти кои ќе го прошират, урбанизираат и разубават истиот.

Повеќето од градовите во земјава се соочуваат со миграција на малдите.Што е она што како општина ќе може да им го понудите за тие да остана и се реалзираат во својот град?

-Секоја општина без својата младина не може да планира никаков развој и унапредување. Во нашата општина имав многу средби со младите интелектуалци и веќе стоиме како општина и како нивна поддршка за формирање на стартап компании кои ќе овозможат на младите своите бизниси да ги започнуваат во Штип и од овде да даваат услуги насекаде во светот.

Жичара до Исарот, Аква парк со затворен и отворен базен, гасификација до секое семејство, обиколница, термоизолациони фасади…до каде е релизацијата на овие проекти и која од нив ќе биде ваш приоритет доколку вашиот мандат биде продолжен?

-Во 2017 мојот претхдоник во својата програма имаше проект жичара, затворен базен, отворен базен, гасификација итн. Меѓутоа кога ќе почнете да работите, на површина излегуваат приоритетите и се она што е најитно за граѓаните и како добар менаџер на градот, треба да дадете атрибут на она најсуштинското, а тоа се водовод, канализации и инфраструктура, која ќе донесе раст и развој на општеството. Така и сега дадовме акцент на затворениот базен, кој поради пандемијата имаше пролонгирање во неговата изградба, меѓутоа тоа се средства кое се обезбедени од Агенцијата за Млади и Спорт и очекување во наредниот период Штип да добие затворен базен. Во однос на отворениот базен, знаете дека локацијата е на приватен сектор и денес сме горди што таму има отворен базен , со аквапарк за младите, каде буквално се разладувавме во жешките летни денови. Гасификацијата е проект кој е префрлен на централно ниво и веќе е избрана компанија која ќе започне со изградба на целата гасификација во државата. На ниво на нашата општина гасификацијата ќе се спроведе прво во индустриските зони и јавните институции , а во втора фаза, според интересот на граганите ќе продолжиме према секундарна гасификациона мрежа према сите месни заедници.

По порофесија сте доктор. Колку е тешко да се координираат двете функции истовремено?

-Воопшто не е тешко. Морам да кажам дека претходно како пратеник во собранието ми беше потешко да ги координирам, зошто физички не бев во Штип. Овие 10 месеци, како градоначалник, секој ден ми започнува во 07.30 во кабинетот, со состаноци и средба со граѓани, потоа следува теренска активност, меѓу граганите, а потоа задолжително по 2 часа во болница, во ангиографската сала. Задолжително секој викенд од 09.00 до 12.00 часот, прегледувам во болницата ,а потоа времето го поминувам со моето семејство. Останува многу малку, да не речам воопшто време лично за себе, меѓутоа тоа е и тежината и обврската на оваа функција, граданачалник или татко на градот.

Штип беше еден од ковид жариштата во текот на пандемијата.Во тек е масовната имунизација дали има интерес кај граѓаните да се имунизираат и дали се придржуваат до меркит соглед дека инфекцијата се шири?

-Во првите два брана Штип беше во првите градови според бројот на заразени и хоспитализирани. Тука беше текстилниот кластер кој од една страна во тоа време беше навистина тешко и опасно, но потоа следуваше период на подобрување, зошто и бројот на оздравени беше најголем и денеска бројот на новозаразени е помал. Како здрвтсвен центар во Истокот,овде се организираше пункт за масовна вакцинација каде успеавме да извакцинираме окоу 24.000 штипјани, после ова интересот за вакцинација опадна, мегутоа сеуште имам по 100 грагани на дневна основа кои доагаат да се вакцинираат. Сега е најбитно да имаме што е можно повеќе граѓани да бидат вакцинирани, за да може побрзо да ја победиме оваа пандемија.

Како го гледате градот под Исарот за 5 години, доколку штипјани по втор пат ви ја дадат довербата ?

-Имав среќа да бидам единствен човек кој доби шанса да се испроба во оваа функција на градоначалник, каде јас имав 10 месеци период, да го научам функционирањето на општината, работењето на општинската администрација, јавните претпријатија, да ги научам сите проблеми во целата општина, рурална и урбана и на крај во овие 10 месеци да изработиме со мојот тим на еден поинаков, детален начин, со што направивме за 10 месеци да бидеме горди што живееме во овој наш сакан град. Зa 10 месеци темелно и детално и по закон реконструиравме 29 улици во различни маала во градот, направивем и сервизиравме голем број на тротарни површини во градот, бетониравме и асфалтиравме помали улички, ги отворивме и прочистивме сите атмосферски канализациони шахти, кои верувајте 70% беа нефункионални, ја зголемивме хигиената во градот на едно завидно ниво, парково уредување итн. Во однос на урбанизмот веќе очекуваме завршен генерален урбанистички план (ГУП), кој очекувам во наредните денови да биде и објавен за завршен, со што започнува правилно урбанистичко и инфраструктурно проширување на градот. Од друга стрна изработвме доста урбанистички проекти, кои ќе донесат соодветни инвестиции во нашата општина, каде се надевам дека во наредните 4 години,ќе стане главен произведувач на еко чиста електрична енергија, дали е тоа преку фотоволтаици или ветерници и верувам дека за 4 години со визијата што ја имам Штип ќе прерасне во најбогата и најразвиена оптшина во нашата држава.

Б.М.

Слични содржини