Интервју со Узунов: Ветувањата на партиите за раст од 5% на БДП се една „округла“ и лесна за паметење бројка, реалност во тоа нема

од Vladimir Zorba
819 прегледи

Вистински издржани предизборни економски ветувања или „бонбончиња“ што им се делат на граѓаните?

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов нема дилеми дека актуелните како и  сите претходни политички изборни програми во најголем дел се сведуваат на зборови кои само убаво звучат. Она што не се кажува, а е од суштинско значење, според него, е прашањето кои структурни реформи и системски мерки ќе се спроведат во рамки на економијата.

Како една од најважните, Узунов ја споменува реформата во даночниот систем.

„Колку во една држава пред избори помалку се зборува за даночен систем, толку таа држава е во поненормална ситуација. Во држава во нормална состојба прво се зборува за даноци, за здравство, за образование, градинки, тоа се темите од интерес на граѓаните. Кај нас се зборува за сé друго, освен за тоа“, вели Узунов во интервју за „Локално“.

Оттука, за него е неприфатливо отсуството на поголема дебата за видот на реформи кои се потребни во образованието од кои пак зависи зголемувањето на продуктивноста.

„На јавните  настапи скоро исклучиво се зборува за „национална гордост“, некако обединување, и слично. За држава во нормална ситуација тоа е неприфатливо, но ние очигледно не сме во нормална ситуација. А, кога пак сме биле?“, посочува Узунов.

Нема многу верба ниту во ветувањата за борба против сивата економија која ниту една власт до сега не ја стави во разумни мерки.

„Кога ќе се погледне постојната предизборна „политичка сцена“ во Македонија, всушност има многу малку нови лица политичари. Има нови политички субјекти (партии), но луѓето се скоро истите. Да сакале, тие луѓе до сега ќе го направеле тоа доследно спроведување на законитоста“, категоричен е Узунов.

Според него, ваквата констатација подеднакво се однесува за партиите и од македонскиот и од албанскиот блок.

Економските програми на политичките партии внесоа многу дилеми во јавноста, а низа забелешки на нив упатија стопанствениците. Според нив партиските изборни програми не ја отсликуваат реалната потреба од поддршка на инвестициите, вработувањата, конкурентноста на стопанството. Што мислите, колку бизнисот е навистина во фокусот на политичарите во изборниот период? 

-Бизнисот е во фокусот на политичарите во изборниот период, но не е како актер на кој треба да му се помогне, туку како актер кој треба да ја финансира кампањата и актер кој треба да се користи во таа предизборна политичка реторика. Зошто? Па, бидејќи стопанствениците се далеку помалубројни од граѓаните кои не се стопанственици, што значи во бројот на гласачи доминираат оние што не се стопанственици (бизнисмени), а изборите се добиваат со бројки на гласачи, не со вредноста на капиталот во сопственост на гласачите.

Во таа смисла, во Македонија со текот на времето е оформено мислење дека, особено крупните бизнисмени, се олигарси“, па политичарите треба да им ветуваат придобивки на останатите граѓани. Затоа малку се кажува што ќе се прави со бизнисот, туку изборните програми зборуваат дека ќе ги покачат минималните плати, или дека  ќе ги покачат пензиите (дури и линеарно, што е погрешно), или некои социјални давачки. Таквите ветувања јас ги нарекувам „бомбончиња“ што им се делат на граѓаните. Во најголем дел, предизборните политички програми се сведуваат на тоа.

Од друга страна, настрана забелешките на стопанствениците дека не се во најтесниот фокус на политичарите, нешто што е побитно, а јас многу малку го гледам во предизборните програми, и уште помалку во јавните предизборни настапи (митинзите), е што не се кажува кои структурни реформи ќе се спроведат за подобрување на конкурентноста, продуктивноста, инвентивноста, сето она што треба да овозможи и повисок и одржлив пораст на економијата. Не се зборуваат такви системски меркитуку: ќе ви дадеме плус 5000 денари на секој пензионер и дрслични смешни, вулгарни па дури и навредувачки ветувања.

Програмата на СДСМ проектира просечен раст на БДП од 5,1%, додека програмата на ВМРО ДПМНЕ постепено забрзување на моменталниот раст до 5%. Колку се овие проекции возможни со оглед на досегашниот раст и развој на економијата?

ие проекции, според мене се невозможни, бидејќи не зависат само од „актери од Македонија“, а уште помалку зависат од политичарите. Многу е битно како ќе се движи европската економија, пред сé германската економија, а на тоа македонските политичари, па ниту било кој друг од Македонија, нема никакво влијание. Гледаме дека таму ситуацијате не е добра, и не може да се очекува дека брзо ќе се опорави. А, ако за македонската економија нема пазар со растечка побарувачка каде ќе го продава тоа што го произведува – тоа е пред сé германскиот пазар или регионалниот пазар – тогаш ќе нема што да го влече развојотСамо домашни инвестиции во некои згради или патишта, за кои се зборува нашироко, не можат да создадат раст од 5%. Нема шанси. Домашната побарувачка, колку и да се пумпа, додека нема пораст на продуктивноста, (како што нема), само ќе ја презадолжува државата, која веќе е доволно задолжена, но раст од 5% нема да создаде. Затоа, тие бројки за раст од 5% се една убава, „округла“ и лесна за паметење бројка, но ништо повеќе. Реалност во тоа нема.

Политичките партии ги акцентираат и домашните и странските инвестиции, предвидуваат поголем ангажман на институциите за вклучување на домашните компании во синџирите на снабдување. Се поставува дилемата, зошто ваквата можност не беше досега реализирана, но и генерално, како ги коментирате обвинувањата на домашните фирми дека се принудени да се борат со странските под нефер услови?

-Ќе почнам од крајот на вашето прашање. Прво, не знам зошто домашните фирми мислат дека условите на домашниот пазар се нефер, ако тие на домашниот пазар конкурираат под исти услови со странските фирми. Ако очекувале дека ќе имаат преференцијален третман затоа што се домашни фирми, тогаш не се во право. Сакаме Македонија да стане членка на ЕУ, што значи дека меѓународните правила ќе важат за сите домашни компании, за сите до еднаТоа е тоа членство во ЕУ и учество во единствениот европски пазар. Може да дојде тука кој сака да работи и продава, исто како што и наш човек или фирма да може да настапи на европскиот пазар. Тоа не се нефер услови. Напротив, тоа значи остварување на максимата создавање на „еднакво поле за економски натпревар“.

Од друга страна, прашувате зошто досега немало поголеми домашни капитални инвестиции и помош за вклучување на домашни фирми во синџирите на снабдување. Тоа го зборуваме  со години. Прво, Македонија нема доволен т.н „апсорпциски капацитет“ за многу поголеми  инвестицииПрво, нема администрација која може да  спроведе повеќе јавни инвестиции во патна, железничка инфраструктура; второ, немаме капацитет за проектирање и изведување на големи проекти така како што треба, според европски правила; трето, немаме ниту доволно квалитетна работа сила; четврто, имаме корупција и непотизам; и уште некои други поврзани аспекти, но затоа поголеми капитални инвестиции никогаш не се остваруваат.

Меѓутоа, тука сакам – уште еднаш, како многупати до сега – да укажам на една друга работа. Во текот на сите досегашни години, исклучиво за политички потреби и демагошки, се говори за капитални инвестиции кои јавноста ги разбира сосема погрешно. Тој поим (капитални инвестиции) е направен, за лаиците, да звучи како „нешто што ќе нé развие“, но е нешто што треба да биде големо, грандиозно, или „капитално“. Затоа терминот капитални инвестиции се поврзува со нешто што мислиме дека е голем објект, пат, пруга и слично. Но, тоа е сосема погрешно. Едноставно, капитални инвестиции се инвестиции што во иднина ќе создаваат поголем капитал (поголема нова вредност). Во таа смисла, најкапитална инвестиција во Македонија е вложувањето во подобрувањето на квалитетот на човечкиот капитал. Со други  зборви, тоа е реформа на образованието, што не е ништо грандиозно како објект, но како реформа и ефект, ќе биде пограндиозно од сите досегашни и идни „капитални инвестиции“. Дури и мало подобрување на квалитетот на домашното образование, ќе донесе значително поголем позитивен ефект на идните генерации од сите автопатишта, пруги и слично за кои што мислиме дека ќе ни донесат развој. Најбитно е работната сила во Македонија да стане поквалификувана и попродуктивна. Но, јас во ниту една програма не гледам дека тоа се кажува и третира на тој начин, па ниту во јавните настапи не слушнав поголема дебата за тоа, какви реформи ќе има во здравство, или во образованието во Македонија. На јавните  настапи скоро исклучиво се зборува за „национална гордост“, некакво обединување, и слично. За држава во нормална ситуација тоа е неприфатливо, но ние очигледно не сме во нормална ситуација. А, кога па сме биле?

Во изборните програми фокус се става и на борбата со сивата економија како неопходен услов на среден рок да се дојде до поголеми даночни приходи. Основното прашање е, зошто во изминатиот 30 годишен период ниедна влада не успеа целосно да ја искорени, или барем да ја стави во разумни рамки сивата економија?

-Сивата економија ниту е ставена во разумни рамки, ниту е намалена. А зоштоЗатоа што,  очигледно, треба да се направат многу поголеми жртви од тие што сите политички партии се подготвени да ги направат. Тоа е единствениот можен одговор. Ние не сме граѓани кои од раѓањето цел живот сакаат да работат противзаконски. Туку, се работи за недоследност во спроведувањето на законите и за создадениот ефект на неказнивост (за некои) од прекршувањето на законите. Тоа ниту една политичка партија немала смелост да го реши до крај. И затоа и сега јас воопшто не верувам дека тоа ќе се спроведе.

Имено, кога ќе се погледне постојната предизборна „политичка сцена“ во Македонија, всушност има многу малку нови лица политичари. Има нови политички субјекти (партии), но луѓето се речиси исти. Да сакале, тие луѓе до сега ќе го направеле тоа доследно спроведување на законитоста. Зошто сега би сакале повеќе од порано? Истото важи за партиите и од македонскиот и од албанскиот блок. Во однос на борбата против сивата економија (и корупцијата) не гледам разлика меѓу политичките партии. А, реторика дека ќе има борба со сивата економија и корупцијата секако дека има, бидејќи партиите проценуваат дека граѓаните сакаат да го слушнат тоа. Затоа се зборува за тоа, тоа се зборови што секој сака да ги слушне. Дали и ќе ги види – многу тешко.

Чудно, но реформа во даночниот систем никој не споменува.

-Да, навистина, особено во јавните настапи, не слушнав ништо за даночна реформа, а ниту во јавноста се дебатира за тоа. А знаете, колку во една држава пред избори помалку се зборува за даночен систем, толку таа држава е во поненормална ситуација. Во држава во нормална состојба прво се зборува за даноци, за здравство, за образование, градинки, тоа се темите од интерес на граѓаните. Кај нас се зборува за сé друго, освен за тоа. Затоа сме ние далеку од држава во нормална состојба.

Малку поконкретно за даночниот систем, премногу луѓе го прифатија овој „рамен данок“, бизнисите мислам сите до еден го прифатија и не сакат да се промени. Мислам дека ВМРО ДПМНЕ дури зборуваше дека ќе вовеле регресивен данок  колку поголема добивка, толку помала даночна стапка, што е крајно погрешно и ќе донесе многу големи негативни последици. Затоа, за темата за промена на даночната политика политичките партии пред избори не сакаат да зборуваат. За мене уште позачудувачко, за тоа не зборуваат ниту партиите од левата опција. Но, тоа само покажува колку на нас граѓаните и на политичарите не ни се јасни работите. Имаме уште многу долг пат за одење, а ние за жал, го одиме многу бавно.

К.В.С.

Слични содржини